Еве како нашата позната фолк-пејачка се преполови – испливаа фотографии што ги изненадија сите
Новата фризура на пејачката ги воодушеви сите

Пејачката ги изненади сите
Познатата пејачка Ленче Кукиќ со една мала промена ги воодушеви нејзините бројни фанови на социјалните мрежи.
Имено, пејачката реши да ја скрати косата и да направи нова фризура, а за ова свое издание доби само позитивни комплименти.
Таа со новиот имиџ се појави во емисијата на Телма како гостинка кај Кате и Ненад, а заедно со неа беше и сопругот Горан.
Принтскрин/ Фејсбук, Никој како
Станува збор за мала, но поприлично ефектна промена – нејзината коса е малку скратена и осветлена, а ги изненади сите и со уште една промена. Имено, Ленче успеа во последниот период да ослабне преку 20 килограми, така што сега изгледа „преполовено“.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачката неодамна за Гламур магазин откри и како успеала да се реши од вишокот килограми, кога го изјави следново:
„Со мојата килажа се разбрав на едноставен начин – нема јадење. По многу неуспешни обиди поради здравствени причини не можев да си ставам ред, но можело, кога ќе си упорен тоа е решението ако сакаш ќе успееш“, изјави Ленче неодамна во интервју за Гламур.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…