Многумина кои последните денови поради вирусот носат медицински маски, се соочуваат со проблем кој само наизглед изгледа нерешлив.
Имено, личностите кои мораат да носат наочари за вид, после неколку минути откако ќе ја стават маската, поради здивот, им се замаглува стаклото. Тоа им го отежнува движењето, па дури и кога се наоѓаат на улица мора да ги отстрнаат наочарите…
Постои техника со помош на која можете да спречите тоа да ви се случува често. Непосредно пред да ја ставите маската, наочарите измијте ги со вода во која има малку течен запун. Потоа протресете ги од сапуницата и оставете ги да се исушат или пак стаклата избришете ги со мека крпа. После ова не би требало да ви се замаглуваат стаклата кога ќе ставите маска.
Секако, имајте на ум дека маските треба да ги менувате редовно. Не користете една маска повеќе пати, а ракавиците отстранете ги пред да влезете дома. Ракавиците за еднократна употреба се фрлаат во корпа за отпадоци, а ако носете подебели ракавици, веднаш ставете ги во машина и перете ги на 60 степени.