Еве како ќерката на најбогатиот Македонец го помина ПРАЗНИКОТ на вљубените – еве го и подарокот!
Кика сподели неколку фотки на Инстаграм, а еден детаљ на нејзините раце посебно ги воодушеви дамите

Оваа млада дама покажа како го помина Денот на вљубените
Познатата Кристина Мукаетова со неколку објави на социјалните мрежи покажа како го помина празникот на вљубените.
Таа најпрво сподели фотографија на која се гледа симпатичното џемпере што решила да го носи на овој посебен ден.
Станува збор за плетен џемпер во бела боја и со големо црвено срце, а Кики потоа го покажа и маникирот за овој ден.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Таа привлече внимание и со неколкуте прстени со интересен дизајн, по што објави и преубав букет со црвени ружи.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Но Кики не откри од кого ги добила ружите, а како изгледаше и вечерта за овој посебен ден за вљубените, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Потсетуваме, тинејџерката Кристина Мукаетова се прослави по улогата на Кики во популарниот детски серијал „Дајте музика“.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Таа е ќерка на Живко Мукаетов, првиот човек на Алкалоид и еден од најбогатите бизнисмени од Македонија, а важи за скромна и културна млада дама на која од најмали нозе пеењето и е пасија. Таа беше популарна и со нејзината преработка на песната „Лео“ од Калиопи, како и по учеството на Јуниорскиот Евросонг 2021.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Покрај танцување, актерство и пеење, Кики често може да ја видиме и во улога на фото-модел, а во последно време активна е и со нејзината емисија „Низ град со Кики“ која се емитува на македонската телевизија, но може да ја следите и на профилот на Јутуб.