Еве како ќе изгледа Гавазова за Нова година – шлиц до колковите и тело како милион долари (фото)
Една е Гавазова

Нашата најголема фолк-ѕвезда Сузана Гавазова го покажа своето гламурозно издание во кое гледачите ќе ја гледаат за Нова година.
Имено, пејачката на својот Инстаграм сподели неколку снимки на кои се гледа како се дотерува, но и како ќе изгледа во новогодишната емисија што ќе се емитува на телевизија Сител.
И ако судиме според коментарите, таа овој пат се надмина самата себеси, па така блескаше од глава до пети во ова свое издание.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката за оваа посебна пригода избра тесен и долг фустан, со длабок шлиц и долги ракави, во кој изгледаше како божица.
Таа целото издание го заокружи со гламурозни златни сандали, со перфектна шминка и коса пуштена преку рамениците.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
Коментари под ова нејзино издание се уште се редат, а како изгледаше, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Сузана Гавазова
Ем ѕвезда, ем домаќинка
Пејачката Сузана Гавазова е една од нашите најголеми ѕвезди, но нејзин најголем успех се нејзините ќерки Селена и Емили.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
И како што самата многупати досега истакнала, мајчинството ја променило, па и денес ужива во обврските околу своите наследнички.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Мајчинството многу ме промени, ме направи подобар човек. Како мајка сум многу посилна, поодговорна, поемотивна, комплетно подобра од се’ што бев пред тоа“, изјави Гавазова во една пригода за Гламур.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа тогаш додаде и дека има голема поддршка од нејзиниот сопруг, но и дека и помага многу во домашните обврски.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Мојот сопруг многу ми помага околу домашните обврски. Тој е грижлив и добар и едноставно сум среќна што токму тој е татко на моите деца“, откри пејачката во една пригода за Гламур.
Целото интервју со Гавазова прочитајте го тука >>

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова




