Наши ѕвезди

Еве како Јулија Мациевска си ги полни батериите на плажа – направи селфи, изненади со ова свое издание

Покажа и како изгледа хотелот во кој ужива

Advertisement

Еве како Јулија си ги полни батериите

Познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска често привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.

Advertisement

Таа овој пат позираше на плажа, па направи едно селфи на кои и се гледаат нозете, додека ужива на плажа.

Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фотографијата веднаш привлече внимание, посебно што Јулија досега ретко објавувала фотки во вакво издание.

Advertisement

Таа покажа како си ги полни батериите, но реши и да ги изненади оние што ја следат со овие свои фотографии и снимки.

Фејсбук/ Јулија Мациевска

Јулија го снимаше и хотелот во кој е сместена во Албанија, посочувајќи дека ова за неа е одмор за сите сетила.

Инаку, само неколку дена претходно Јулија беше на концертот на големиот уметник – оперски пеач и диригент од Јапонија, Казухиро Котетцу во Македонската филхармонија.

Фејсбук/ Јулија Мациевска

И како што самата откри по концертот, уживала во настапот на сите уметници, но за неа кулминацијата била која врвниот уметник Котецу ја изведе легендарната песна на Јонче Христовски „Ако умрам ил загинам“, кога на крајот од песната, спектакуларно го фрлил своето сако во публиката, како што тоа традиционално го правеше и Јонче.

Фејсбук/ Јулија Мациевска

И како што Јулиј самата откри на социјалните мрежи, сакото точно паднало врз неа и завршило во нејзините раце.

Фејсбук/ Јулија Мациевска

И токму поради сакото, Јулија подоцна и се запозна со Котетцу, за кого вели дека е голем шармер, па заслужил и да го облече.

Како сето тоа изгледше, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button