Бројни верници од цела Македонија овој викенд го посетија Берово и таму го прославија големиот христијански празник.
Advertisement
Имено, во овој град од Македонија, кој важи за центар на Малешевијата, веќе со години наназад традиционално се организира народниот собир кој се одржува во преубавиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“, па така беше и овој пат.
Илјадници верници од цела држава се собраа, додека пред манастирот беа подготвени 73 бакарни котели со храна.
Оваа храна беше доволна да нахрани околу 10.000 посетители, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение. Станува збор за фотографии направени од Славе Чамов, а кои беа објавени на една од најголемите Фејсбук страници во Малешевијата.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .