Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледаше Лила кога втор пат се мажеше – на венчавката со Орце носеше хит венчаница (фото)

Тие тогаш важеа за еден од најпознатите парови...

Реклама

Познатата водителка, Лила Стојановска, зад себе има два брака, а од првиот го има синот Филип, но и презимето Филиповски.

Имено, на нејзиниот профил на Инстаграм и денес пишува Лила Филиповска, иако Лила по овој брак уште еднаш се мажеше.

Таа пред речиси цели две децении по втор пат застана на лудиот камен, а тогаш нејзиниот избраник беше Орце Димитровски, некогашниот гитарист и пејач на популарната македонска група „Арија“, кој веќе одамна не живее во нашата земја.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Стојановска

За нив тогаш со денови се пишуваше и важеа за еден од најпознатите естрадни парови, но за жал, нивниот брак не траеше долго.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Стојановска

Тие по осум месеци се разделија, а додека беа заедно снимија и дует со кој настапија на „Охридски трубадури“. Но по нивната разделба, Лила ја батали својата музичка кариера и целосно му се посвети на водителството, а тоа го направи и Орце.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Имено, шармантниот музичар денес живее во Холандија со своето семејство и работи како ИТ инженер во една позната компанија.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Тој е среќно оженет со Билјана која е магистер по економски науки, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Бјанка и Каја.

Од друга страна, Лила, по овој брак не се омажи, но затоа максимално му се посвети на својот син со кого и денес е неразделна, иако сега тие повеќе наликуваат на другари, отколку на мајка и син.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Водителката често знае да сподели заеднички моменти со својот наследник, за кого многумина велат дека го наследил најубавото од својата мајка, како во карактерот, така и во својот изглед.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Инаку, Лила во една пригода во шега на социјалните мрежи ги предупреди оние што ја следат дека доколку некогаш на нејзиниот профил видат фотографии или статус кои го слават бракот, веднаш да знаат дека најверојатно некој ѝ го хакирал профилот и веднаш да го пријават.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Таа и денес често знае да е пошегува на сметка на своите неуспешни бракови, а во една пригода откри и каква невеста била.

Инстаграм/ Лила Стојановска

Лила тогаш покажа како изгледа како невеста, а на фотографијата позира со насмевка и преубава вела венчаница.

Станува збор за креација од Сека Радончиќ, а како водителката изгледала во ова свое издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Лила Стојановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button