Новости

Еве како изгледаше Цеца во првата емисија без Саша Поповиќ – во рацете детаљ од 13.000 евра?!

Цеца на првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“ по заминувањето на Поповиќ со детаљ

Advertisement

Пејачката се појави пред студиото, еден детаљ го украде шоуто.

Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ облечена во црно од глава до пети се појави пред студиото на „Гранд“.

Advertisement

Имено, пејачката за оваа пригода носеше тесно црно здолниште со кое го истакна своето занесно тело, додека во горниот дел носеше елегантна блуска со куси, но широки ракави која одлично се вклопи во стајлингот.

Сепак, во главна улога беше скапоцената чанта што Цеца ја носеше во рацете, а која беше во иста бордо боја како и високите чизми.

Таа целото издание го заокружи со моќен накит, како и со црвен кармин, темни очила и коса врзана во коњско опавче.

Advertisement

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

И како што пренесуваат медиумите, вкупната вредност на ова издание на Цеца надминува преку 15.000 евра.

Секако во оваа неверојатна цифра најголем удел има скапоцената чанта од еден од најпознатите светски брендови.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Пејачката за само овој детаљ „искеширала“ преку 13.000 евра, а поприлично солени се и кожните чизми што ги носеше.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Мора да продолжиме“

Инаку, ова е првото снимање на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ.

И покрај тоа што целата екипа се вистински професионалци, може да се забележи тагата што сите ја чувствуваат што Поповиќ повеќе не е помеѓу нив, иако естрадниот маг на снимањата не доаѓаше подолго време.

Но тој секогаш беше присутен и следеше се што се случува во емисиите, така што сега без него навистина ќе биде предизвик за сите.

Принтскрин/ Инстаграм

Тоа впрочем го откри и Ѓорѓе Давид, кој пред новинарите ја откри атмосферата во жирито но и колку им е тешко без лидерот.

„Фрка е навистина, Кој вели дека не е лаже. Се обидува да биде силен, ние сите сме силни, ама навистина е фрка, ние сме храбри, ама е фрка. Како што се вели, падна снег, па сега секој ѕверка ќе го покаже својот чекор. Сега ќе видиме колку тој како човек кој сето ова го остави, го зацврстил, колку е во нас и колку е голема нашата одговорност. Колку сме посветени, колку сме реални и колку го почитуваме тоа што ни ги отвори вратите и покрај големите кариери“.

„Ако ние бевме тие што тој ги избра и ако сме најдоброто жири што го имал, ние мораме да продолжиме колку и да е тешко“, заклучи рокерот за „Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button