Еве како изгледале последните минути на Поповиќ во болницата – ова им го забранил на сите (видео)
Не сакал никој да тагува, за болеста не сакал ни да зборува

Балканскиот естраден маг Саша Поповиќ на 1. март ја изгуби битката од тешката болест од која што боледуваше.
Поповиќ зад себе ја остави ќерката Александра, потоа сопругата Сузана и својот посинок Даниел, а во голема тага се и неговите пријатели, бројни колеги и естрадни ѕвезди со кои соработуваше.
Тој во текот на својата кариера подолга од цели четири децении беше задолжен за бројни пејачи кои со негова помош се прославија, па по неговата смрт со трогателни пораки се збогуваа од него на социјалните мрежи и на семејството му искажаа сочувство.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Поповиќ беше голем пријател и со харминикашот Микица Гачиќ кој со него бил на телефонска линија речиси до последниот моменти.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој веднаш по смртта на Поповиќ се огласи и во емисијата СЦЕНА откри детали од последните моменти од животот на Поповиќ.
„Голема жал, голема тага и голема загуба за сите нас. За целата естрада, замина еден од најголемите и најдобрите“, вели Микица.
Емотивни зборови на Петрушовска за Поповиќ
Тој потоа додаде дека последните неколку дена почнал да се гаси и дека до пред само неколку дена се слушал со него.
„Сузана беше со него и Александра, неговата ќерка. И синот Даниел. Тие беа во собата покрај него кога издивна, но никому не даваше да тагува. Такво достоинство до последниот ден имаше во себе. Кога зборувавме никому не даваше да ја спомене болеста. Знаеше за секој кандидат не само кога беше на аудиција, туку и што тој некој пееше на аудицијата“, вели познатиот хармоникаш во „СЦЕНА“.
Инстаграм/ Сузана Поповиќ
Сопругата на Поповиќ
Тој потоа додаде и дека Поповиќ сé однапред планирал и осмислил кога се во прашање „Ѕвездите на Гранд“ и постојано му велел дека сега мора да работи и за двајцата, се додека се врати.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
Сопругата, синот и ќерката на Поповиќ
Му порачал да ги започне новите аудиции што биле планирани за 14 април, а зборувале и за Црна Гора и Македонија.
Заврши ги аудициите, одработи ги, се враќам во септември, му велел Поповиќ на неговиот пријател и колега во „Гранд“.
Поповиќ ќе биде погребан во Белград, на 6 март, еден ден пред роденденот на ќерката Александра која на 7 март ќе наполни 26 години, но наместо прослава, ќе жали и тагува по својот татко.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
Таа вториот ден од неговата смрт се огласи на социјалните мрежи, а потоа тоа го направи и нејзината мајка.
Повеќе детали за ова погледнете тука.
Бонус видео
Поповиќ открива дека Цеца ја запознал во Македонија
Поповиќ во видеото открива како ја запознал Цеца Ражнатовиќ. И како што вели тој самиот прв пат ја видел на нејзината прослава на 18-от роденден, а потоа се запознале кога имале концерт во Струмица, каде истиот ден гостувала и популарната пејачка.