Еве како изгледаат жените што им ги украдоа срцата на омилените македонски пејачи Влатко и Дамјан
Ова е љубовта на Влатко Миладиноски – се запознале на едно од најубавите места во Македонија

Погледнете како изгледа и сопругата на неговиот братучед …
Познатите фолк-пејачки кои се и братучедите Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски покрај тоа што изградија богата музичка кариера, тие можат да се пофалат и со складен семеен живот.
Најпрво Влатко во 2016 година се ожени со својата сакана Кристина од која доби две ќерки, Илина и Андреа.
Приватна архива
Влатко во една пригода ни откри и како ја запознал љубовта на неговиот живот, и тоа во еден од најубавите градови во Македонија.
Имено, тие се запознале во Охрид и ова им е водено и едно од омилените места, а Влатко за овој град наскоро подготвува и големо изненадување. Но за тоа на крајот од овој текст, а во продолжение да се потсетиме на уште една интересна љубовна приказна, поврзана со ова семејство.
Приватна архива
Неговиот братучед Дамјан се ожени во 2020, а со неговата сопруга Елена беше една година во врска пред свадбата.
Тие истата година го добија и синот Војдан, крстен по дедо му, односно по легендарниот пејач Војо Стојаноски.
Приватна архива
И Дамјан и неговиот братучед Влатко продолжија гордо да чекорат по стапките на Војо и со македонска песна ја шират вистината за Македонија и за сите премрежија низ кои минува македонскиот народ.
Приватна архива
Тие тоа успешно го прават и веќе имаат бројни хитови зад себе, а неодамна Влатко одржа и концерт за паметење во Скопје.
Приватна архива
На концертот покрај Влатк и неговиот брат Златко Миладиноски на сцената се појавија и нивниот братучед Дамјан Стојаноски, како и Дарко Стојаноски, наследникот на Никодин Стјаноски, братот на Војо.
Тие сите задно направија вечер за паметење, а на сцената со нив пееше уште еден познат кичевчанец, Спасен Сиљаноски.
Приватна архива
Како изгледаа овие моменти, потсетете се тука, а Влатко вети дека ќе направи уште еден таков спектакл, но овој пат во Охрид.
Имено, Влатко и оркестарот на Златко на 7 август ќе одржат и концерт во Античкиот театар во Охрид.
Приватна архива
За концертот веќе се бара влезница повеќе, а повеќе за овој настан, но и за братот на Влатко може да прочитате и тука.