Наши ѕвезди

Еве како изгледаат таткото и мајката на една од НАЈПОЗНАТИТЕ Македонки на Инстаграм

Сега е јасно од кого го наследила својот шарм

Advertisement

Тие ја научиле да биде силна и никогаш да не се откажува од својот сон, но и секогаш чесно и со многу труд да остварува успех.

Познатата македонска инфлуенсерка Агнеса Органџиева речиси секојдневно на Инстаграм привлекува внимание со своите објави.

Advertisement

Таа тоа најчесто го прави со своите интересни модни комбинации кои откако се појави на јавната сцена никого не оставаат рамнодушен.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Едноставно што и да облече на неа стои беспрекорно, па овие нејзини изданија изгледаат како излезени од некое модно списание.

Advertisement

Но покрај овие модни фотографии, Агнеса често знае да сподели и интимни моменти од својот живот, а никогаш не криела колку е поврзана со своите родители кои отсекогаш биле тука за неа.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Па така и сега, Органџиева сподели една снимка на која се гледаат нејзините мајка и татко и ги изненади своите следбеници.

Имено, таа ги снимаше додека седат на маса, најверојатно на куќна слава, а под видеото кратко напиша:„Тато и мама“.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инаку, познатата инфлуенсерка досега неколку пати има покажано како изгледа нејзината мајка, додека татко и многу поретко.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Органџиева тоа го направи и неодамна кога на својата мајка со една заедничка фотографија и го честиташе 71 роденден.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Тие тогаш позираа во нејзиниот стан, а сите се согласни дека и нејзината мајка изгледа одлично за свои години, но и дека си личат.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button