Еве како изгледа жената на еден од најпознатите доктори од Македонија – ова беше посебен ден за нив (фото)
Познатиот доктор Ненад Лазаров сподели преубава вест

Неговата сопруга не се појавува често во јавноста, но овој пат тие имаа навистина убава причина да објават заедничка фотографија.
Познатиот скопски доктор Ненад Лазаров кој најмногу се прослави за време на короната кога со своите совети што ги делеше на социјалните мрежи им помогна на многумина, сподели преубава вест.
Имено, тој се уште е мошне активен на социјалните мрежи и речиси постојано комуницира со илјадници следбеници, но овој пат сподели поинаква фотографија и со истата ги изненади сите.
Принтскрин/ Фејсбук
Станува збор за фотографија што овој наш познат доктор ја сподели неодамна , а на која е и најважната жена во неговиот живот.
Во прашање е неговата сопруга, Оливера Лазарова, а докторот откри и зошто ја сподели ова нивно заедничко издание.
„10 години не е за*банција, ја си ја сакам исто како и првиот ден. Семејството е почеток и крај на се“, напиша тој и многумина разнежи со своите емотивни зборови, а посебно неговата сакана.
Фејсбук, Ненад Лазаров
Потсетуваме, д-р Лазаров е познат по своите ставови и јавни критики кон сите оние во државава што заслужуваат да бидат критикувани, па важи за еден од најгласните доктори, коректор на здравствените грешки и херојски борец за подобар здравствен систем во Македонија.
Но она што малкумина го знаат за овој наш познат доктор е тоа што тој има и сестра која што исто така е позната.
Имено, Ненад е брат на Ивана Серафимовска, пејачка во групата „Академци“ и долгогодишен член од НУ „Танец“.
Во една пригода поразговаравме со Ивана меѓу другото и во врска со тоа каков е Ненад во улога на брат, на што таа ни одговори:
„Да, брат ми, покрај улогата брат, најчесто е ‘искористен’ за докторски совети, гледаме колку што може да го олабавиме бидејќи навистина е зафатен, во секој случај богатство е да се има во животот прво како брат после како се останато“, изјави во една пригода Ивана за Гламур.
Целото интервју со неа ѕирнете го тука >>