Еве како изгледа топлиот дом на Лила во Скопје и со кого водителката ужива во нејзиниот тросед (фото)
Познатата водителка покажа како ужива во својот дом

Празничната магија во домот на познатата водителка
Нашата позната водителка Лила Филиповска која во младоста си ја проба среќата и во музичките води, покажа како ужива во својот дом.
Имено, Лила се снимаше додека уживаше со своето маче во дневната соба, а еден детаљ сите ги изненади.
Таа откри како си ги полни батериите, но и како изгледаат нејзините зимски пижами зачинети со бели ѕвезди.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Тука е и новогодишната елка, но и свеќите на нејзината масичка кои одлично се вклопија со сите останати украси што Лила ги има во домот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Покрај елката стои и отмената старинска фотелја која на целиот простор му дава посебен шмек, како и големиот кристален лустер.
Инстаграм/ Лила Филиповска
На полиците значаен простор заземаат и книгите, а внимание привлекуваат и деталите како вазни и ламби.
Не се сомневаме дека Лила на ова место си ги полни батериите, посебно додека вака се гали со своите домашни миленици.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, Лила деновиве беше на зимување на Копаоник од каде сподели неколку најразлични фотографии и снимки.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Секако дека најмногу внимание привлече со оние на кои позираше во костим за капење, но и со една порака што ја сподели.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Простете и сакајте“, напиша Лила под оваа фотографија, но не сакаше да открие за кого е наменета оваа нејзина порака.