Еве како изгледа селската куќа во која растела Лила Филиповска – ваков мир нема на друго место
Опкружена со зеленило и цвеќиња, изгледа како парче од рајот, а се наоѓа во близина на нашата метропола

Ова е посебно место за водителката
Водителката Лила Филиповска е родена во Шведска, но никогаш не криела и со гордост кажувала од каде потекнува нејзиното семејство.
Имено, познатата водителка во една пригода ја посети куќата во родното село на нејзиниот татко каде што Лила и денес го пронаоѓа својот мир. Таа во таа прилика ја покажа преубавата градина и зеленилото исполнето со цвеќиња кои што го разубавуваат ова место, а оваа посета и ги навратија и убавите спомени од детството, од нејзините безгрижни години кога живеела со најблиските.

Принтскрин/ Јутуб, Се или нешто
Станува збор за селото Виниче кое се наоѓа во непосредна близина на Скопје, а за кое Лила тогаш ќе напише:
„Ваков мир и тишина нема на друго место“, напиша тогаш Лила на снимката што ја сподели на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Скопјанка родена во Шведска
Потсетуваме, водителката на „Сé или нешто“ денес живее во раскошен стан во Скопје, а малкумина знаат дека таа е родена во Шведска.
Имено, во оваа земја се уште живее нејзината сестра, а Лила во една пригода кога и беше на гости, заедно ја посетија и зградата во која се наоѓа станот во кој живееле со родителите кога биле мали.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката во Шведска живееше до својата 12 година, додека нејзината сестра и денес со семејството живее во оваа земја.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Како изгледаше и ова место во кое некогаш живеела Лила, но и како изгледа денес нејзината сестра, откријте тука.




