Реклама
Наши ѕвездиСтил

Еве како изгледа приватно Цаци од Сител – на телевизија елегантна дама, на улица нема да ја препознаете

Нашата позната водителка привлекува погледи и со своите „кежуал“ изданија, а некои нејзини комбинации можат да бидат одлична инспирација на многу дами

Реклама

Нашата позната водителка Славица Арсова на телевизија секогаш ја гледаме во елегантни и модерни комбинации.

Нејзиниот стил зрачи со елеганција и одмереност, а нејзиното појавување на малите екрани секогаш носи и доза на префинетост.

Таа е пример за жена која максимално е посветена на својата професија, но и која успешно балансира помеѓу кариерата и семејниот живот, но и појавување на многубројни јавни настани.

Маркетинг

Но денес нема да зборуваме за нејзиниот деловен стил, туку за тоа каква е Славица во приватниот живот, односно каков е нејзиниот стилски израз кога е далеку од студиските камери и рефлектори.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутуб

Имено, Цаци, како што ја нарекуваат колегите, понекогаш знае да сподели и по некој приватен момент на социјалните мрежи.

И со овие свои фотографии таа открива детали од нејзиниот живот кои гледачите не можат да ги забележат на малите екрани.

Инстаграм/ Славица Арсова

И бидејќи овој пат во фокусот ни е нејзиниот стил, а Цаци е софистицирана дама, секогаш елегантна и промислена во своите телевизиски настапи, овие неколку нејзини фотографии ни станаа уште поинтересни.

Инстаграм/ Славица Арсова

OUTFIT OF THE DAY

Овој пат станува збор за комбинација со која таа успеа да ги воодушеви своите фанови, но и која би можела да им послужи како инспирација на многу жени, посебно за периодот што е пред нас.

Инстаграм/ Славица Арсова

Овој пат во фокусот ни е нејзината долга јакна без ракави, која е хит веќе неколку сезони, но и одличен избор за ова време.

Идеална е за дневни прошетки, кога времето е сончево и тоа ни го дозволува, но и за правење милион интересни комбинации.

Инстаграм/ Славица Арсова

На фотографијата Славица ја носи со шик фармерки со висок струк и бели патики, во комбинација со џемпер со интересен дезен.

Таа преку јакната носеше и црна чантичка, и тоа на тренди начин, а целото издание го зачини со нејзината препознатлива насмевка.

Потсетуваме, долгите јакни без ракави, прошиени и со „пуф“ ефект, се хит и оваа сезона како во светот, така и кај нас.

Тие се доволно впечатливи и се одличен пример како едно парче може лесно да ја трансформира целата комбинација, а можете да ги носите и во потоплите месеци, со поопуштена облека, но и со термо, потопли кошули, дуксери и блуски кога е студено.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button