Еве како изгледа пентхаусот на една од најпознатите Македонки на Инстаграм – ќе се воодушевите
Целиот простор блеска од раскош, но погледнете и кој и прави друштвенце, ќе се изненадите...

Познатата инфлуенсерка живее во стан кој вреди преку 150.000 евра
Агнеса Органџиева својот дом го има луксузно опремено така што изгледа како оние што ги гледаме во најпознатите магазини.
Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии кои се направени во нејзината оаза на мирот, а она што прво се забележува е дека белата е главна нијанса во домот, но и раскошните ѕидови.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Дневниот престој е просторен и зрачи со топлина, додека кујната изгледа како оние од кулинарските емисии.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Целиот простор е украсен со најразлични украси, од слики, па се до раскошни вазни, а тука се и нејзините домашни миленици.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Потсетуваме, Агнеса во својот рај чува и змија, а често знае да сподели и моменти од кои може да видиме како се гали со неа.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Потсетуваме, Агнеса многу често привлекува внимание и со своите прекрасни модни приказни што ги споделува на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа секогаш изгледа гламурозно, а во една пригода ни откри дека тајната не е во скапи парчиња, туку во вистинскиот избор.
„Да, секогаш сакам да бидам средена и да изгледам чисто, не секогаш носам брендирана облека, јас си комбинирам се’. Кога сум во можност ќе си се почестам со добро парче, поскапо. Не е битно дали си облечен во скапо парче, битно е тоа што го носиш да знаеш да го носиш. Јас секогаш тргнувам од едно правило: ‘како што се чувствуваш, така и те гледаат’“, изјави Агнеса во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју со Агнеса прочитајте го тука..
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инстаграм/ Агнеса Органџиева