Еве како изгледа новогодишната магија во домот на Вело Марковски и неговата понежна половина (фото)
Празници се ближат...

Поранешната манекенка ја покажа елката
Поранешната манекенка Евгенија Марковска, позната и по бракот со проф. др. Вело Марковски, ја накити елката.
Таа ја покажа нивната новогодишна идила во куќата во која што живеат, но и како ќе изгледа нивната елка.

Инстаграм/ Евгенија Марковска
Поранешната манекенка го искористи слободните декемвриски денови и реши да ги израдува нејзините наследници.
Елката е голема и изгледа поприлично раскошно, а тука се и големиот број Дедо Мразовци, лампиони и подароци.

Инстаграм/ Евгенија Марковска
Како изгледа новогодишната магија во нејзиниот дом, погледнете од фотографијата во продолжение:

Инстаграм/ Евгенија Марковска
Потсетуваме, Евгенија веќе со години е во складен брак со проф. д-р Вело Марковски, со кого им син и ќерка.
Тие секогаш отворено зборувале за нивната љубов и дека нивната љубов започнала на Медицинскиот факултет.

Инстаграм/ Евгенија Марковска
Но откако тие во јавноста ја открија нивната врска, заради големата разлика во годините, тие често се мета на критики.

Инстаграм/ Евгенија Марковска
Сепак, овие мислења на поединци на Евгенија не и пречат премногу, па како што самата вели, за нив разликата во годините никогаш не била проблем или пречка за развојот на нивната врска, па и бракот.
„Нашето општество едноставно е такво и не може да се прифати доколку некој не се вклопува во поставените стандарди“, изјави во една пригода Евгенија за Гламур магазин. Таа тогаш додаде дека негативни коментари имало отсекогаш и дека не очекува да престанат и во иднина, но едноставно таа на тоа никогаш не му продавала некое поголемо значење.
Повеќе за ова прочитајте тука >>




