Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа куќата во која порасна Јордан Митев – живееле скромно, но со многу љубов и радости

Пејачот денес може да си дозволи секаков луксуз, но се уште живее во своето родно село

Реклама

Популарниот фолк-пејач Јордан Митев по потекло е од радовишкоto село Подареш каде и денес живее со своето семејство.

И како што самиот во една пригода откри за Гламур, Јордан на ова место ги поминал безгрижно своето детство исполнето со радост, љубов, но и песна, бидејќи од мали нозе запловил во светот на музиката.

Пејачот денес во куќата живее заедно со сопругата Славица, која е Македонка, но која е родена во Австралија и таму живеела до нејзината мажачка со Јордан, и нивната ќеркичка Кристина.

Маркетинг

Фејсбук/ Јордан Митев

Имено, Јордан во октомври 2023 година се оствари во најважната улога во неговиот живот кога за време на неговата турнеја во Австралија неговата сопруга која беше со него, се породи во Сиднеј.

Маркетинг

Пејачот кој со Славица се ожени во 2017 година, иако со неа можеше да остане да живеат во Австралија, што многумина можеби и би го направиле без размислување, тие сепак решија да се вратат во Македонија и своето „гнездо“ да го направат во родното место на Јордан.

Фејсбук/ Јордан Митев

Но не велат за џабе дека нема ништо поубаво од тоа да си дома, со твоите најблиски, со оние што си другарувал од детството.

Фејсбук/ Јордан Митев

Ова очигледно е непроценливо богатство и за Јордан, кој никогаш не криел дека неговиот роден крај е неговиот вистински рај.

Фејсбук/ Јордан Митев

И како што самиот откри во една пригода за Гламур, тоа што пораснал на село секогаш ќе го кажува со гордост.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Јас пораснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост. Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполнет со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи“, откри во една пригода Јордан.

Фејсбук/ Јордан Митев

Што се однесува до тоа, дали неговото детство се разликува од она што денес го живеат најмладите, но и со кои предизвици се соочуваат денешните родители, Јордан вели:

Во наше време немаше некоја посебно развиена технологија кој ќе не анимира и ќе ни го одзема вниманието, Во денешно време знаеме дека е обратно и доколку таа технологија родителот не ја стави под контрола на детето мислам дека може и доста штетно да влијае на детето. Ние и нашите родители мораше сами да ги го исполнуваме времето и токму тоа време посветено едни на други направи барем кај мене да бидеме приврзани за семејството.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Денешниот човек, брзајќи по успех и се што носи успехот многу брзо го отуѓува на некој начин детето, несвесно се оддалечува и тоа со текот на времето мислам дека може да даде многу лоши резултати кои дел од нив ние и ги гледаме. Затоа треба повеќе да се внимава во денешно време за многу работи, поготово во таканаречените урбани средини“, изјави Јордан во една пригода за Гламур.

Целото интервју со него прочитајте го тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button