Еве како изгледа куќата на Јордан Митев во Подареш – весело семејство, денови полни со радости
Нема поубаво од дома, посебно кога е на едно вакво место

Пејачот и неговата сакана за себе имаат направено вистинска оаза за уживање на ова место и тука им е најубаво.
Нашиот познат фолк-пејач, композитор и извонреден музичар, Јордан Митев, пред неколку недели ја сподели најубавата вест.
Имено Јордан и неговата сопруга Славица неодамна по втор пат се остварија во улога на родители, кога на христијанскиот празник Крстовден му се роди машко дете на кое му го дадоа името Кристијан.

Фејсбук/ Јордан Митев
Неколку недели подоцна тие го прославија и вториот роденден на нивната ќеркичка Кристина, така што септември и октомври се полни со радости во нивниот дом, исполнет со детски џагор.
Имено, пејачот и неговата сопруга живеат во родното село на Јордан, Подареш, кое се наоѓа во близина на Радовиш.

Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга е Македонка родена во Австралија, но како што и самиот Јордан многу пати истакнал и двајцата одлучиле да се вратат во Македонија и тука да основаат семејство и да продолжат да живеат.
Па така тие денес уживаат во плодовите на нивната голема љубов во куќа во ова село, каде и на двајцата им е најубаво.

Фејсбук/ Јордан Митев
Фотографиите што пејачот понекогаш знае да ги сподели на социјалните мрежи откриваат колку спомени го врзуваат со ова место.

Фејсбук/ Јордан Митев
Од безгрижното детство, па се моментите кога пристигна и приновата, а сега и малиот Кристијан кој е главен фраер во домот.
Јордан никогаш не криел дека најубаво му е кога е со своите и во својот дом, каде покрај тоа што ужива во топлината, хармонијата и мирот на своето семејно гнездо, тој тука и ги создава своите песни.

Фејсбук/ Јордан Митев
„Јас пораснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост. Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполнет со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи“, откри во една пригода Јордан за Гламур.
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука.
Бонус видео




