Еве како изгледа денес згодната Бугарка што глумеше во „Преспав“ – без грам вишок и без шминка
Згодната Бугарка што многумина ја обожаваа...

Таа е една од најпознатите актерки во соседна Бугарија
Познатата бугарска актерка Јана Маринова во август ќе наполни 47 години, а и денес изгледа минимум десетина години помладо.
Нашата јавност најмногу ја памти по улогата во „Преспав“ каде ја играше згодната Преслава, газдарицата на пансионот.
Принтскрин/ Јутуб
Јана се појави во третата сезона од популарната македонска серија, каде ја играше Бугарката Преслава и освен што ја засмејуваше нацијата, таа и освои многумина со својата убавина и сексапил.
По завршувањето на третата сезона на Преспав можевме да ја гледаме и во популарниот бугарски филм „Диви и среќни“ каде таа покрај главната улога се јавува и како продуцент.
Принтскрин/ Јутуб
Овој филм постигна голем успех, а малкумина знаат дека Јана се има појавено и во холивудскиот блокбастер Конан Варварин со Џејсон Момоа, но и во многу други познати холивудски филмови.
Фејсбук/ Јана Маринова
Како Јана изгледа денес, неколку години по снимањето на Преспав, погледнете од фотографиите во продолжение…
Фејсбук/ Јана Маринова
На една од фотографиите ќе ја видите и без грам шминка на лицето, а вакви фотографии Јана често споделува.
Фејсбук/ Јана Маринова
А мора да признаеме дека изгледа фантастично и во костим за капење, без ниту еден грам вишок на себе…