Еве како изгледа денес синот на Борис Трајковски – ова е семејната куќа на поранешниот претседател
На 26 февруари 2004 година во авионска несреќа почина Борис Трајковски, тогашниот претседател на Македонија.

Да беше жив најмногу ќе се гордееше со нив
На утрешниот ден, пред точно 21 години, почина некогашниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.
Неговиот живот згасна во страшна авионска несреќа што се случи во близина на Мостар, во Босна и Херцеговина.
Оваа несреќа ја погоди цела Македонија, но и регионот, а посебно неговото семејство – сопругата Вилма Трајковска и нивните две деца, ќерката Сара и синот Стефан кои тогаш беа малолетни.
Фејбсук/ Сара Трајковска
Тие и двајцата денес се возрасни и успешни луѓе на кои да беше претседателот жив ќе се гордееше со нив.
И додека за ќерката Сара која заврши на престижни универзитети понекогаш можевме да прочитаме по нешто во медиумите, Стефан по несреќата речиси воопшто не се експонирал.
Инстаграм/ Сара Трајковска
Тој заврши на Правниот факултет во Скопје, како и неговиот татко, па една година беше и на размена на студенти во Холандија, а денес живее со семејството во Скопје.
Фејсбук/ Стево Пендаровски
Внукот на поранешниот претседател Борис Трајковски во нивната семејна куќа во Струмица
Од друга страна ќерката на Трајковски, Сара, благодарение на социјалните мрежи често знае да не потсети на ликот и делото на нејзиниот татко. Таа неколку години живееше во Америка откако студиите ги заврши во Лондон, а покрај својата професионална кариера во Министерството за надворешни работи таа и денес е посветена на фондацијата што го носи името на нејзиниот татко, Меѓународна фондација Борис Трајковски.
Синот на Борис Трајковски
Како изгледа и таа, но и зошто многумина за неа велат дека многу личи на Борис, погледнете во продолжение..
Инстаграм/ Сара Трајковска
Потсетуваме, на официјалното мрежно место на Меѓународната фондација стои изјава во неколку реченици најдобро го опишува ликот и делото на вториот претседател на независна Македонија, кој беше инаугуриран на 15 декември 1999 година.
„Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно“, пишува за Борис Трајковски на ова место.
Инстаграм/ Сара Трајковска
Од друга страна по смртта на Борис Трајковски, на неговиот гробник стои напишан познатиот стих од Библијата:
„Блажени се миротворците зошто тие ќе бидат наречени синови Божји“, кои исто така укажуваат на делото на Борис.
Нека му е вечна слава!