Реклама
ВестиКариера

Еве како изгледа денес ќерката на Борис Трајковски – во нејзиниот поглед претседателот и денес живее

„Ми недостасуваш секој ден“, пишува под една фотографијата што Сара ја објави на социјалните мрежи

Реклама

Семејството на Борис Трајковски, поранешниот претседател на Македонија, овој ден нема никогаш да го заборават.

За десетина дена ќе поминат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски.

Несреќата се случи на 26 февруари 2004 година, во Босна и Херцеговина, во близна на селата Поплат и Врсник, 15-на километри од Мостар, каде што Трајковски требаше да присуствува на конференција.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, АП архив

Борис Трајковски беше оженет со Вилма Трајковска, а круна на нивниот брак се нивните две деца, ќерката Сара и синот Стефан.

Маркетинг

И Сара и Стефан тогаш се уште беа малолетни и ретко се појавуваа во медиумите, а и по неговата смрт речиси воопшто не се експонираат.

Инстаграм/ Сара Трајковска

Фондација со име на нивниот татко

Тие по трагичната несреќа и смртта на нивниот татко заедно со нивната мајка и сопруга на Трајковски, Вилма Трајковска, го продолжија неговото наследство преку Меѓународната фондација Борис Трајковски.

Неговото семејство на овој начин го продолжија наследството на претседателот Трајковски преки промовирање мир, помирување и разбирање, обезбедување на висококвалитетно образование на младите, промовирање на слободна пазарна економија и поддршка на граѓанското општество.

Инстаграм/ Сара Трајковска

Но по трагичниот настан многу ретко се појавуваат во медиумите, продолжувајќи ги своите животи далеку од очите на јавноста.

Фејсбук, Стево Пендаровски

И додека синот Стефан заврши Правен факултет и живее со своето семејство во Македонија, Сара студираше во странство

Сепак, благодарение на социјалните мрежи, ќерката на Трајковски, Сара, често знае да не потсети на ликот и делото на нејзиниот татко.

Таа неколку години живееше во Америка, откако студиите и магистратурата ќе ги заврши во Лондон, по што ќе волонтира во Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк. По враќањето во Македонија таа својата кариера ја започнува во Министерството за надворешни работи од каде повторно ќе се врати во Америка и 3 и пол години ќе работи како дипломат во Мисијата.

Фејсбук, Сара Трајковска

Од нејзините фотографии што понекогаш ги објавува на Фејсбук, може да видиме дека го има истиот поглед полн со добрина и нежната насмевка која го красеше и лицето на нејзиниот татко.

Фејсбук, Сара Трајковска

Сара иако речиси воопшто не се експонира во јавноста, нејзините објави секогаш предизвикуваат внимание на социјалните мрежи, а на својот татко со гордост се сеќава.

Инстаграм/ Сара Трајковска

„Ми недостасуваш секој ден“, напиша таа под фотографијата со која му го честиташе роденденот на својот татко.

„Среќен роденден во рајот“, додаде тогаш Сара…

Инстаграм/ Сара Трајковска

Како Сара изгледа денес, но и како изгледала како мала во прегратките на својот татко, погледнете во галеријата..

Инстаграм/ Сара Трајковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button