Еве како изгледа денес една од најубавите Македонки – со Џамбазов беа совршен пар, сите ги обожаваа
Тие во тоа време важеа за најпознатиот водителски пар, така што многумина и денес се сеќаваат на популарните игри на среќа што тие заедно ги водеа...

Беше една од најпознатите дами на нашата јавна сцена
Многумина и денес се сеќаваат на убавата Натали Грубовиќ, нашата Бинго девојка кој со својот шарм ги освојуваше сите.
Таа долго време беше една од нашите најпознати, но и најубави дами од малите екрани, а сите ја памтат по нејзината улога на хостеса на Игор Џамбазов и неговото популарно телевизиско шоу „Супер бинго“.
Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Ова шоу се гледаше во секој дом, а досетките на Џамбазов како и она неговото „Ајде Натали, дај му на човекот“ останаа и денес запаметени.
Натали и Џамбазов во тоа време беа најпопуларниот телевизиски пар, така што многумина и денес се сеќаваат на популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“ во кои што тие беа водители и за кои и денес се зборува.
Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Натали во текот на својата кариера успеа да дојде до самиот врв, а своевремено и официјално беше прогласена за најубавата Македонка.
Имено, Натали има освоено и бројни титули на натпревари за убавина, но сепак ќе остане запаметена како фаталната Бинго девојка.
Фејсбук/ Тркало на среќата
Ново поглавје животот
Таа својата кариера ја започна како девојче, станувајќи модел и во јавноста прв пат појавувајќи се на само 14 години, поминувајќи ги тинејџерските денови на снимања, ревии, емисии. Своите најголеми успеси ќе ги постигне како Лото и Бинго девојка, а потоа следува еден уште повозбудлив период во нејзиниот живот.
Имено, Наталија Грубовиќ ќе се ожени со Дрен Глушац од Нови Сад, а по некое време ќе се остварат и во улога на родители.
Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Таа тогаш се повлече од јавноста и замина да живее кај сопругот во Србија, а во 2017 година ќе ја добијат нивната ќеркичка.
Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Таа денес ужива во мајчинството и семејниот живот, а со нејзиниот шарм плени и денес, па и со фотографиите на Инстаграм.
Од нејзините објави може да видиме дека Натали и денес е речиси иста како и кога беше на врвот од својата кариера, но и дека се уште е препознатлива по својата беспрекорна линија и природна убавина со која блеска во секое свое издание.
Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Како Натали изгледаше некогаш како Бинго девојка, но како изгледа и денес, погледнете во продолжение…