Еве како Горан Кукиќ успеал да ја освои Ленче – ова било пресудно, нејзините зборови ќе ги разнежат сите
Љубов на прв поглед која и по цели три децении се уште трае
Ленче и Горан Кукиќ веќе долги години уживаат во складен брал
Познатиот музички пар Ленче и Горан Кукиќ се заедно повеќе од три децении, а круна на нивната љубов е синот Иван (27).
Тие на вечна љубов се заколнале во 1996 година, а пејачката во една пригода откри како започнала нивната романса.
Имено, тие прв пат се сретнале во еден ресторан каде што Ленче настапувала, и тоа кога имала само 15 години.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Тие се случило на самиот почеток од нејзината кариера, а како што самата таа истакна во една пригода, тоа било љубов на прв поглед.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
„И двајцата знаевме дека нешто ќе искрсне меѓу нас и не можевме да останеме рамнодушни“, истакна во една пригода Ленче додавајќи дека Горан тогаш многу ја потсетувал на Елвис Присли и дека многу девојки биле вљубени во него во тоа време.
Во тоа време Горан живеел и работел во Австралија, па кога ја видел прв пат бил импресиониран од нејзиниот талент. Од друга страна и Лечне била изненадена од него, посебно од тоа што бил убав како популарниот американски пејач, и потоа се случила хемија меѓу нив.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Неколку години подоцна тие ќе започнат врска, а нивната голема љубов трае и денес, по повеќе од цели три децении.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Ленче потекнува од струмичкото Босилево, а својата кариера ја започна како многу млада.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Таа веднаш по завршување на осмолетката станува дел од бендот Пицикато, а во 1995 година ја започнува својата соло кариера.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Од друга страна пак бендот на Горан „Јупитер“ постои од 1984 година, а и двајцата се прославија и со шоуто „Никогаш не е доцна“.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Пред сум години најпрво победи Горан, благодарение на гласовите по СМС, а по некоја година и Ленче, неговата сопруга.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Горан секако дека во тој момент беше најсреќниот човек на светот кога го слушна името на неговата сопруга во финалето како победничка, иако Ленче тогаш не го направи само него горд, туку и цела Македонија.
Како изгледаше еден нивен заеднички настап во ова популарно шоу, потсетете се во продолжение….