Еве како Ѓоко Јовиќ се забавува со сопругата и децата – многудетно семејство што ќе ви го разубави денот
Познатиот пејач сподели фотографија со која ги разнежи сите – ова е момент за паметење

Познатиот пејач Ѓоко Јовиќ со својот бенд постојано настапува како во Македонија, така и во нашата дијаспора.
Тој пред неколку години ги изненади своите верни обожаватели кога откри дека по четврти пат ќе стане татко, а со последната фотографија што ја сподели на социјалните мрежи, го покажа и најмалиот син.
Имено, Ѓоко во улога на татко по четврти пат се оствари во октомври 2021 година, кога со сопругата Ивана го добија малиот Дарин.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Покрај Дарин кој оваа година треба да наполни 4 години, тие имаат уште три деца – ќерката Теодора, и синовите Михаил и Јоан.
Пејачот релативно млад стана родител, а од неговите чести објави на социјалните мрежи може да видиме колку ужива во секој момент што ќе го помине со најблиските, како што беше случајот и сега.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Имено, Ѓоко за Велигден на своите фанови им го честита празникот со семејна фотографија на која се сите шестмина заедно.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
И додека тој го држи во рацете најмалиот син, сите позираат со насмевка што сведочи за нивното уживање во заедничките моменти.
Повеќе од очигледно е дека Ѓоко го користи секое свое слободно време за да биде со најблиските и уживајќи во овие опуштени моменти.
Принтскрин/ Јутуб
Принтскрин/ Јутуб
Принтскрин/ Јутуб