Еве како го фатив маж ми со љубовница – девојка им ги отвора очите на сите што се сомневаат во неверство
Една девојка на социјалната мрежа Тик-ток раскажа како го фатила својот партнер во неверство, отворајќи им ги очите на сите што се сомневаат.

Девојката некое време се сомневала дека партнерот ја изневерува, па смислила начин како да го докаже тоа. Фелисија Бурзота на социјалната мрежа Тик-ток во едно видео раскажа како го направила тоа.
Партнерот ѝ рекол дека ќе оди во ресторан со пријателите, а бидејќи веќе некое време се сомневала во неговата верност, решила да се јави во ресторанот и да постави само едно прашање кое ќе ѝ открие дали нејзината интуиција е точна или не.
Се јавила во ресторанот, опишала каков маж бара и рекла дека му подготвува изненадување, па сака да знае дали пристигнале неговите пријатели или женска личност, односно сестра му.
Хостесата од ресторанот ѝ рекла дека тој седи само со една женска личност, па претпоставува дека тоа му е сестра.
Фелисија се заблагодарила, ја прекинала врската и сфатила дека нејзините сомнежи за неговата верност се точни.
Бидејќи видеото го погледнале повеќе од 5 милиони луѓе, а многумина побарале да раскаже што се случило понатаму, таа сними уште едно видео со објаснување.
@feliciaburzotta Found a fake eyelash in his bed the day after too lol #toxic #messy #help #fyp #blocked
♬ Gnarls Barkley Crazy Stephen Kramer Glickman – Gustavo Rocque
Во него раскажа дека, кога се јавила во ресторанот, не била во градот. А и тој знаел дека таа не е во градот. Штом се вратила, отишла кај него дома и во креветот нашла вештачка трепка, која не била нејзина, бидејќи таа не носи такви. Веднаш раскинала со него. Вели дека сега се чувствува подобро од кога било.