Стил

Еве како Гиговска носи фустан што го истакнува само најубавото на жената – изгледа светски, нели?

За овие впечатливи фустани потребно е да сте во топ форма, но и да имате храброст, а оваа наша позната дама очигледно нема проблем со тоа, нели?

Advertisement

Блеска во секое свое издание…

Познатата пејачка Антониа Гиговска има беспрекорно тело, па во една ваква креација изгледа како Грчка божица.

Advertisement

Таа е една од нашите најпознати пејачки од помладата генерација, но и дама која со својот стил никого не остава рамнодушен.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

И кога е на сцена, но и надвор од неа, нејзините стајлинзи фасцинираат, па многу пати изгледа како да е во прашање некоја холивудска ѕвезда, привлекувајќи внимание со својот имиџ.

Advertisement

Впрочем тоа може да го видиме и од овие нејзини изданија, посебно кога го носи фустанот кој ја одбележа и оваа сезона.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Станува збор за фустани со отвори кои се апсолутен хит и ова лето, а во кои Гиговска изгледа како излезена од списание.

Посебно кога ќе го зачини со својата неодолива насмевка, како што е случајот и со ова нејзино феноменално издание.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

„Ретко се смеам на слики, дури чудно како објавувам слика насмеана, ама еве, нека стои“, напиша Гиговска под својата последна фотографија. Таа позираше во црна креација со голем отвор во предниот дел и со спуштени раменици, заокружувајќи го целото издание со бисери, по што следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

„Многу поубава со насмевка“, „Убавица“, „Совршенство“, беа само некои од коментарите под нејзината фотографија.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инаку, фустани со отвори и прорези им се избор на многу познати дами, а на Гиговска очигледно и се едни од омилените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

И секогаш кога ќе се појави во едно вакво издание, пејачката блеска од глава до пети и никого не остава без здив.

Впрочем за тоа зборуваат и следните нејзини изданија со кои Гиговска покажа зошто е нашата поп-кралица, а под секоја од овие фотографии не им се гледа крајот на позитивните коментар од фановите.

Некои од нив погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button