Еве како до плата од 3000 евра и без бугарски пасош – и факултет не ви треба, туку само решителност
Голем интерес за работа во овие земји, каде се работи еден ден помалку, а платите и до 3000 евра

Во текот на овој месец многу наши работници ќе заминат да работат во овие земји каде платите се минимум два пати поголеми.
Имено, побарувачката за сезонски работници во туризмот во земјите од поранешна Југославија како што се Црна Гора и Хрватска е голема, а платите на повисоките позиции како на пример за готвачи се движат и до 3.000 евра, изјави деновиве Милош Турински од „Инфостуд“.
Тој за српскиот „Танјуг“ изјави дека на Хрватска ќе и бидат потребни околу 65.000 сезонски работници во текот на претстојната сезона, која започнува на 1 април, а на Црна Гора ќе и бидат потребни околу 20.000 и додаде дека огласите за овие работни места на нивната веб-страница сé уште се активни.
Тоа значи дека во овие две земји има потреба од околу 85.000 сезонски работници, а отворени места за работа има не само од угостителството, туку и во целта туристичка индустрија.
Фото: Фрипик, Хрватска
Што се однесува до платите, тие се движат и до 3000 евра за повисоки позиции и за работници со искуство, додека за нешто пониски позиции, како на пример собарка во хотел, келнер или за работа на рецепција, платата започнув од околу 1000 евра.
Од овие причини од 1 април многу наши граѓани заминуваат на сезонска работа во овие земји, а како што вели една наша сограѓанка со која што поразговаравме, а која сакаше да остане анонимна, ова е втора година по ред како ќе оди да работи во Хрватска. Таа веќе нашла работа во оваа земја и добила работна виза, па на средината на месецот заминува и ќе работи како келнерка во хотел со пет ѕвездички.
„Неколку години во Македонија работев во еден од нашите најпознати маркети. Тогаш платите беа значително помали од сега, бидејќи газдите на маркетите се соочуваат со недостаток на работна сила, па им ги покачија на вработените, но и денешните плати не можат да се споредат со платите во Хрватска. Таму на пример цената на храната е иста како тука, а платите се минимум два пати, па и три пати поголеми“, ни изјави оваа сограѓанка која сакаше да остане анонимна.
Фото: Фрипик, Црна Гора
„И што е најважно, во Хрватска не работиме нон стоп, односно се работи минимум еден ден помалку во неделата отколку во Македонија. И затоа погледнете ги продавачките во нашите маркети, сите се истоштени од напорната работа. Работат како робови, а со платата одвај врзуваат крај со крај“, вели таа.
Помалку работа, повеќе пари
Од овие причини добрата понуда од земјите како Црна Гора и Хрватска во текот на сезоната ги привлекува нашите работници, па дури и оние кои се добро платени. Тие преку летниот период одат на јадранското крајбрежје и таму покрај тоа што повеќе заработуваат, во слободното време уживаат.
Погодност за сите нив е и тоа што во овие земји лесно се разбираат бидејќи зборуваат на јазик кој им е добро познат, но сепак поголема предност се сите оние што познаваат барем уште еден јазик. И што е најважно исто така, на голем дел од овие работници најчесто им е обезбедено и сместувањето и храната, така што платата останува „нечепната“, па можат и да заработат.
„Пред неколку дена ми пристигна работната виза од Хрватска. Тука работев во една позната кладилница и убаво заработував, но ова лето сакам да видам каков е животот и надвор од Македонија. Работата што ми ја понудија ми звучеше интересно, а целиот процес на пронаоѓање работа се одвиваше преку интернет – од пријавата, па се до интервјуто со работодавецот“, ни вели едно младо момче од Скопје кое претходната година заврши средно училиште, па пред да се запише на студии, решил малку да се прошета и да поработи, да стекне нови искуства, па потоа да одлучи што понатаму во животот.
@jetsetj00urney TOP 5 NAJLJEPŠIH PLAŽA U HRVATSKOJ ⛵️🤍#plaža #hrvatska #lito2024 #more #otoci #lito
Хрватска привлечна и за нашите доктори
Инаку, не заминуваат од Македонија во овие земји само оние што бараат работа во угостителство, туку и од многу други професии.
Па така неодамна имавме прилика да позборуваме и со една наша докторка, која тука била и професорка, но веќе некое време живее во Хрватска. Таа пред неколку месеци им помогна на уште двајца други доктори да заминат од Македонија и да најдат работа во оваа земја, каде според неа условите се многу подобри.
„Во Хрватска за неколку години со платата што ја добивам од клиниката во која што работам успеав да заштедам и да си купам куќа. Е сега, секако дека не ја платив целата во кеш, но колку години треба да работам во Македонија, за да можам да си го дозволам истото?!“ ни изјави во една пригода докторката.
Бараат и фотографи со и без искуство?
Како интересен момент што овие денови го споделија и повеќето медиуми во регионот е дека во Хрватска се бараат и хотелски фотографи. И за истата оваа работа не ви треба некое претходно искуство, бидејќи работодавецот нуди обука во траење од седум до 10 дена, па можете да заработите од 1.000 евра месечно, но и повеќе, во зависност од тоа колку се трудите, пишува српскиот Телеграф.
Звучи шашаво, но очигледно некаде и тоа функционира, нели?
Бонус видео
@aniltravel pov: you found one of the best Hotels in Croatia 🌴☀️ #croatia #europe #fyp #trending #viral #foryou #travel