Еве како Џамбо Агушев го доби прекарот – овој човек е ВИНОВЕН за сé, но за жал веќе не е меѓу живите
Џамбо е легенда, а и прекарот е од уште една легенда
Џамбо Агушев заедно со својот оркестар прави дармар каде и да се појави, а така беше и сега, на оваа новогодишна забава.
Но и покрај тоа што е еден од најпознатите музичари во Македонија (за трубачи и да не зборуваме), интересно е тоа што и денес малкумина го знаат неговото вистинско име, но и една интересна анегдота во врска со тоа кој му го дал прекрарот Џамбо.
Имено, вистинското име на Џамбо е Исеин, а како што самиот откри во една прилика, прекарот му е од една голема музичка легенда.
Фејсбук/ Џамбо Агушев
Шармантниот трубач вели дека прекарот го носи од мали нозе, односно кога имал 11 години, а му го дал Ферус Мустафов.
Фејсбук/ Ферус Мустафов
Како што откри самиот Џамбо во емисијата „Магазин“ на Сител, прекарот наводно му го дал Ферус откако го слушнал колку брзо свири, па веднаш решил да го земе во неговата екипа и да свират заедно.
Фејсбук/ Џамбо Агушев
Од тогаш, неговиот прекар му станува заштитен знак и дел од неговиот музички идентитет, а публиката со воодушевување го прифати ова негово име кое денес е синоним за неговиот препознатлив стил.
Фејсбук/ Џамбо Агушев
Што се однесува до неговиот талент, Џамбо вели дека со трубата другарува од своја тригодишна возраст, а талентот за овој интструмент го наследил од уште една голема музичка легенда, неговиот чичко Кочо Агушев.
Фејсбук/ Џамбо Агушев
Инаку, Џамбо овие денови работи со полна пареа, а беше и на снимање на една новогодишна емисија заедно со Спасен Сиљаноски.
Фејсбук/ Џамбо Агушев
И додека тој му свиреше на увце на Спасен, пејачот реши да го овековечи овој момент и да го сподели со своите фанови.
Како изгледаше дел од оваа луда забава, погледнете во продолжение или кликнете тука за да го прочитате текстот.