И есенскиот период, како и летниот, може да биде опасен за вашата линија
Иако луѓето во зимскиот период најмногу се склони кон дебелеење, и есенскиот период може да биде опасен за вашата линија. Особено е опасно ако неодамна сте се вратиле од оние „All Inclusive“ аранжмани кои подразбираат храна во изобилство. Преку летниот период, кога сте на одмор, сакате да искористите што повеќе, и да пробате што е можно повеќе јадења и специјалитети. Ако не водите сметка, лесно можете да внесете и 5.000 калории, што е дупло повеќе од дневно препорачаните, а потоа следува периодот на зимници кои исто така неконтролирано внесуваме храна. Затоа, нутриционистите пресметале кои се најопасни комбинации и што би требало да отфрлите од вашето мени во овој период од годината. Англискиот појадок кој подразбира јајца, сланина, колбаси и тост, има 800 калории, кроасанот 270, а овесните снегулки само 125. Една лименка кока кола има 140 калории (сами пресметајте колку калории има во едно шише од два литри кои некои го пијат во еден ден), а капучиното е богато со околу 70 калории. За ручек воздржете се од хамбургери со сланина и помфрит, кој има 700 калории, а за вечера прескокнете шницли и помфрит кои содржат околу 600 калории. Шпагетите имаат 360 калории, исто колку и парче торта. Затоа, истрчајте еден круг повеќе или качете се преку викенд на некоја планина и пешачете неколку километри. И размислувајте внимателно пред да посегнете по кој било оброк, за да не се разочарате од бројките кои ќе ги покажува вашата вага кога ќе застанете на неа.