Реклама
BEAUTYНега и здравје

Еве како да го зајакнете имунитетот и дишните патишта

Реклама

За добро здравје, клучен е добриот имунолошки систем, како одбранбен организам од вирусни и бактериски инфекции. Најдобриот начин за подобрување на имунитетот е урамнотежени калории, јадење лесна и сварлива храна.

ФОТО: ogawny.org

Според нутриционистите, најдобро е да ги урамнотежите калориите и да внесете многу добри масти, хранливи влакна, квалитетни јаглени хидрати и различни извори на белковини. За да го зајакнете својот имунитет, потребно е да јадете храна богата со Ц витамин, свежо овошје и зеленчук или пак да бидат термички обработени но кратко време.

Според нутриционистите, важно е да се јаде лук, кромид, праз, магдонос и целер. Лукот и кромидот освен што се одлични во борба против вируси и бактерии, исто така помагаат и при различни дишни инфекции. Кромидот можеме да го јадеме и сиров, но и да го ставиме во супа. Исто така насечканиот магдонос или целер добро е да ги додадеме во супа. Што се однесува до овошјето, од особена корист се калинката и цитрусот.

Маркетинг

Исто така препорачливо е во исхраната да се додаде и маслиново масло, да се јаде месо, риба, авокадо, семиња и ореви. Редовното консумирање на таквите намирници го штити организмот од вируси и бактерии и помага да ја спречите боелста. Исто така најдобро е да тежнеете кон различни билки и зачини. Циметот и црниот бибер се одлични зачини.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button