Реклама
BEAUTYНега и здравје

Нането не се користи само за во кујната – еве како да го употребите во корист на вашата убавина

Реклама

Нането не се користи само за во кујната или за лечење на некои здравствени проблеми. Тоа се користи и во козметиката, а еве како можете да го употребите.

ФОТО: vidanaturalia.com

Нане како пилинг за стапала

Еден од најдобрите и најпрочуените начини за да го искористите нането во козметиката, е да направите освежувачки пилинг за вашите стабала. Тоа добро ќе делува на уморените стапала, има ефект на ладење и ја ублажува болката во мускулите.

Потребни состојки за подготовка на пилинг:

Маркетинг
  • 1 чаша шеќер
  • 1/2 чаша маслиново масло
  • 1/2 чаша исечкано нане
  • 2 лажички овесна каша

Откако ќе го подготвите пилингот, едноставно премачкајте ги вашите стапала со нежни, кружни движења.

Нане за нега на косата и кожата

Нането содржи противвоспалителни и антикбактериски својства. Исто така го поттикнува и растот на косата, го решава проблемот со суви влакна, го зајакнува коренот на косата. Едноставно земете неколку листови нане и накиснете ги во вода и оставете ги да стојат околу 20 минути, а потоа процедете. Користете ја оваа вода за измивање на косата.

Маркетинг

Нането помага при враќање на pH вредноста на кожата, содржи салицилна киселна која помага во борбата против акните, а тоникот од нане ви помага да го отстраните проблемот со отворени пори и да ја отстраните нечистотијата од вашето лице. За таа цел можете да измешате неколку листови нане во блендер, потоа да додадете ладна вода и да го процедите сокот, па свежата смеса да ја нанесите на лицето и вратот.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button