Реклама
MAMAДом и семејство

Мирисот од цигарите се впива во тепихот и ѕидовите: Еве како да го отстраните од вашиот дом

Реклама

Колку и да проветрувате, не е доволно.

ФОТО: heraldscotland.com

Откако ќе се вовлече во тепихот, завесите, облеката, ѕидовите и мебелот, мирисот од цигарите многу тешко ќе го отстраните од вашиот дом. Денес ви прикажуваме неколку природни начини кои ќе ви помогнат да се спасите од него. За почеток, направете го следново:

  • Отворете ги широко прозорците
  • Набавете прочистувач на воздухот и користете го неколку денови
  • Во едно шишенце со распрскувач наполнете есенцијално масло (лимон или лаванда) и напрскајте го мебелот, внатрешноста на плакарот и теписите

Потоа, одредени делови од вашиот дом важат за најголеми собирачи на непријатниот мирис од цигари, па еве кој е најефикасниот начин да го исчистите секој од нив.

Маркетинг

Тепих

Ставете голема количина сода бикарбона врз теписите. Оставете ги да постојат околу 20 минути, па поминете со правосмукалка. Содата ќе го отстрани непријатниот мирис и од најдлабоките делови на теписите. Ако во вашиот дом подолго време се консумираат цигари, оваа постапка ќе мора да ја повторите повеќе пати.

Ѕидови

Освен долготрајниот мирис, чадот ќе се задржи и на ѕидовите. За да се ослободите од ова, навлажнете една крпа со универзално средство за чистење и поминете преку сите ѕидови. Секако, пред тоа направете еден мал тест на мала површина за да бидете сигурни дека нема да ја отстраните бојата од ѕидовите.

Маркетинг

Потоа, помешајте еднакви делови на алкохолен оцет и вода, нанесете ги на крпа и уште еднаш поминете преку ѕидовите.

Мебел

Мебелот можете да го пребришете со алкохолет оцет разблажен со вода или да ставите сода бикарбона, да почекате 24 часа и детално да поминете со правосмукалка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button