Реклама
BEAUTYНега и здравје

Сите состојки ги имате во вашата кујна: Еве како да го исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди

Реклама

Денес е навистина тешко да се најдат здрави намирници, затоа што овошјето и зеленчукот кои наводно се здрави, исто така се третирани со различни отрови и пестициди.

Меѓу зеленчуците кои содржат најмногу пестициди се спанаќот, целерот, доматите и пиперките, а зелката, лукот и модриот патлиџан се наоѓаат на дното на оваа листа. Денес ви предлагаме како да го решите овој проблем со наталожените токсини.

Маркетинг

Во голем сад ставете млака вода и додајте две лажички сол. Кога ќе се стопи, во садот ставете ги намирниците. Потопете ги и оставете ги да стојат околу 15 минути. Оваа метода е идеална за зелениот лиснат зеленчук како блитва, спанаќ и зелка, брокула и карфиол, но не и за печурки, зашто ќе впијат вода.

За успешно отстранување на пестицидите и хербицидите, исто така корисна е и комбинацијата на лимон, оцет и сода бикарбона. Помешајте ги овие состојки и ставете ги во шишенце со распрскувач. Испрскајте ги намирниците, па измијте ги после околу 10-тина минути.

Маркетинг

Ако јаболките се премачкани со восок за да им се продолжи рокот на траење, не е доволно само нивно измивање. Излупете ги поради опасности од микроорганизми кои се сокриваат под лушпата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button