Реклама
Кафе муабет

Еве како Светлана Цеца Ражнатовиќ ја одржува својата витка линија

Реклама

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека не и е тешко да ја одржува својата линија бидејќи не е склона кон гоење. Таа води сметка за својата исхрана, но една намирница е „must-have“ во нејзиното мени, пишува српскиот Курир.

„Јас обожавам да јадам месо. Најчесто нарачувам добро печен бифтек со зеленчук направен на скара и тоа само во ресторани каде го прават проверено добро. Мојата среќа е што повеќето диети се базираат токму на месо и салати. Досега неколку пати сум пробала режим на исхрана кои се базирани на варено месо или риба“, изјави Цеца.

Маркетинг

Таа покрај ова откри и дека не сака тестенини и леб, а кога станува збор за благи работи, ги сака овошните торти, но не и чоколадата кои за  неа се претешки.

Маркетинг

„Јадам кога ми се јаде, јадам што ми се јаде, а количината секогаш е мала. Мислам дека тоа е тајната на мојот успех, бидејќи не претерувам со големи количини храна. Исто така не внесувам храна која не ми годи“, изјави пејачката. Инаку, она што најмногу и помогна да направи здрава рамнотежа во исхраната и навиките е тоа што пости секоја среда и петок, како и сите поголеми христијански постови веќе пет години. „Секој пост го постам според црковните правила. Првиот пост ми беше тежок, но потоа се навикнав. Немам криза на глад, но секако дека имам желба за некои намирници. Постам од верски причини, а сето друго е случајна корист,“ вели таа.

Нејзиниот рецепт е умереност, но според неа, секој треба да го пронајде својот рецепт.

Инаку, Цеца не води грижа за своите килограми отсекогаш. Само да потсетиме таа во 2006 година ја занемари здравата исхрана, тогаш имаше и целулит, па многумина ја критикуваа. Потоа пејачката започна да оди во теретана и да внимава на исхраната, па сега и покрај тоа што е влезена во петтата деценија многу помлади пејачки од неа можат да и завидуваат на нејзината линија.

Извор: Kurir.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button