Еве како Андријана Јаневска го запозна својот сопруг – погледнете и како изгледала на нејзината свадба
Пејачката што ја обожава цела Македонија
Таа деновиве прослави 15 години брак
Познатата пејачка Андријана Јаневска веќе со години е во среќен брак со Драган Гиновски Гино, кого го запозна сосема случајно.
Како што самата пејачка неодамна откри во интервју за Гламур, тие се запознале во бифето на Македонската опера и балет.
„Се запознавме во бифето на Македонската опера и балет, а ме освои со неговата смисла за хумор, интелект и продуховеност“ откри пејачката потсетувајќи се почетоците на својата врска со сопругот.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Тие потоа четири години беа во врска пред да се земат, а свадбата се случи 2019 така што неодамна прославија 15 години брак.
И како што самата Јаневска откри во едно нејзино интервју, на нивната свадба се пеела исклучиво народна македонска музика, а специјален гостин бил Наум Петрески, кој бил војнички другар со нејзиниот сопруг.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Рецептот на Андријана за успешен брак
Андријана и Гино денес имаат две деца, Димитар и Кристијан, од кои едниот свири пијано, а другиот виолина.
И еве, 15-на години подоцна, тие се вљубени како и првиот ден, за што сведочат и нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
На една од нив што Андријана ја објави неодамна и двајцата блескаат и изгледаат како вљубени тинејџери, а пејачката во една пригода за Гламур го откри и нејзиниот „рецепт“ за успешен брак.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
„За успешен брак неопходна е почитта и сознанието дека секоја личност е различна, со различни ставови, погледи и потреби. Кога тоа ќе се сфати, кога наместо љубомора ќе постои поддршка, нема нешто што нема да можете да го постигнете“, вели Јаневска која покрај тоа што е естрадна личност, работи и како професорка на Музичката академија, но и како виолинистка во МОБ, а од пред неколку месеци се стекна и со титула доктор на науки.