Наши ѕвезди
COVER STORY

Еве како Алачки и го честиташе роденденот на Марина – маестрото им ги стопи срцата на многумина

Горан Алачки со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата сакана

Advertisement

Поранешната водителка Марина Дојчиновска денес слави роденден, а меѓу првите и честиташе Горан Алачки.

Маестрото потоа сподели и една нивна заедничка фотографија од минатата година, кога беа на одмор на Малдивите.

Advertisement

Имено, тие беа на ова романтично патување токму за нејзиниот роденден, па сега се потсетија на овие незаборавни моменти.

Марина тогаш сподели и неколку фотографии во костим за капење и покажа дека изгледа неверојатно и на прагот од седмата деценија.

Како познатиот пар изгледаше тогаш, потсетете се тука, а во продолжение погледнете ја и нивната последна заедничка фотографија.

Фејсбук

Една слика, милион емоции

Инаку, Горан Алачки само еден ден претходно имаше уште една убава причина за славење, која исто така ја сподели на Фејсбук.

Фејсбук

На неговиот син му беше роденден, па тој сподели заедничка фотографија и со истата на наследникот му го честиташе роденденот.

Фејсбук

Алачки напиша и емотивна порака со која ги разнежи своите пријатели, а најмногу секако, неговиот син, Благоја.

„Нека е убав денот ,.. 31 година … Патувај низ животот со мислата Татко…. Среќен роденден сине мој…“, напиша Алачки во описот на фотографијата што ја сподели, а на која и двајцата носат црни костуми.

Фејсбук

Потсетуваме, Марина Дојчиновска неодамна беше гостинка во емисијата Кафе муабети каде искрено зборуваше за нејзиниот живот, но и за нејзината прва посета на Хунза, земјата каде луѓето имаат најдолговечен живот. Што друго поранешната водителка откри за овој необичен народ во емисијата, но и како и зошто почнала да го употребува маслото од јаксии во форма на златни капки за кои верува дека и помогнале многу во животот, откријте во продолжение:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button