Познатата струмичанка ја пушти својата коса и ги изненади своите фанови на социјалните мрежи.
Познатата инфлуенсерка Ева Заева на својот „Инстаграм стори“ покажа дека направи една мала промена во својот имиџ. Таа објави фотографија од која можеме да видиме дека ја променила фризурата, а целото издание го зачини со кармин во розова боја на нејзините усни.
Ева во ова издание изгледа извонредно, па не нé чуди што секоја фотографија што и со ова фотографија предизвика внимание.
Таа без разлика дали е во опуштено издание или на некоја свечена пригода, секогаш изгледа спектакуларно.
Нејзиниот стил понекогаш е класичен, одмерен и дамски, што можеби не е потполно соодветен за нејзините години, но затоа не ретко можеме да ја видиме и како ги „фура“ популарните младешки трендови.
И тоа секогаш го прави одлично!