Нега и здравјеНега и здравје

Eстетска непријатност или сериозен здравствен аларм? – зошто отечените очи наутро не треба да се игнорираат

Иако изгледа како минлив естетски проблем, отеченоста околу очите, ако е честа и упорна, може да биде првиот сигнал дека телото се соочува со нешто многу посериозно.

Advertisement

Станува сè почесто да се разбудите наутро со чувство на отеченост на лицето, посебно околу очите. За милиони луѓе ова е рутински феномен кој најчесто исчезнува во рок од неколку часа. Но, иако вообичаено се поврзува со лоша ноќ, алергии или лоша исхрана, отеченоста на очните капаци не е секогаш безопасна.

Иако изгледа како минлив естетски проблем, отеченоста околу очите, ако е честа и упорна, може да биде првиот сигнал дека телото се соочува со нешто многу посериозно.

Advertisement

Не ги игнорирајте овие знаци. Превенцијата и раната дијагностика се клучни за заштита на бубрезите и целокупното здравје.

Што сè може да предизвика отечени очи?

Постојат повеќе секојдневни причини:

– наследна предиспозиција,
– прекумерна консумација на сол,
– дехидрација,
– сезонски алергии,
– пушење и конзумирање алкохол,
– спиење со лицето надолу или на ниска перница.

Advertisement

Сите овие фактори може да предизвикаат задржување на течности токму во деликатната зона околу очите.

Но што кога оваа отеченост станува хронична, не се повлекува во текот на денот или е придружена со други симптоми?

Кога е време за тревога?

Според д-р Клара Лоусон, отечените очи можат да бидат и прв знак на нарушување на функцијата на бубрезите.

„Кога бубрезите не функционираат правилно, нивната способност да ги филтрираат протеините и метаболните отпадни материи е намалена. Тоа доведува до губење на протеини преку урината, што создава дисбаланс на течности и минерали во телото“, вели таа.

Овој губиток на протеини резултира со задржување на течности во телото, најчесто во меките ткива како што се очните капаци. Според лекарите, тоа може да биде рана манифестација на хронично заболување на бубрезите.

Дополнителни симптоми на кои треба да внимавате:

Отеченост која не исчезнува во текот на денот

Умор без јасна причина

Урина со пена

Почесто или поретко мокрење од вообичаено

Чувство на притисок или болка во пределот на долниот дел од грбот.

пекселс

Што да направите?

Ако забележите дека отеченоста околу очите станува честа или хронична, особено во комбинација со горенаведените симптоми, препорачливо е да направите основни лабораториски анализи за проценка на функцијата на бубрезите. Тоа вклучува:

креатинин,

уреа,

сооднос на албумин/креатинин во урина, и

проценка на гломеруларна филтрација (eGFR).

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button