Најпознатиот плус-сајз модел на светот во неверојатно секси издание ја претстави својата нова колекција со долна облека (фото)
Ешли Греам важи за најпознат плус-сајз убавица на светот
Таа деновиве ја престави својата нова колекција долна облека „Addition Elle“ во Лас Вегас, а за таа пригода се дотера посебно. Имено, Ешли на настанот се појави во проѕирен топ под кој се гледаше нејзиниот градник и кратко секси здолниште од кадифе во смарагдно зелена боја.
Ешли, кога пристигна на аеродромот, непоредно пред ревијата
Инаку, оваа 30 годишна девојка која ги руши стереотипите и го заговара ставот за позитивен однос кон сопственото тело, и која редовно објавува фотографии во бикини без Фотошоп и филтри, неодамна откри дека самодоверба и ја должи на својата мајка. „Треба да бидете свои! Важно е да бидете здрави, а тоа го можете во секој конфекциски број. Секогаш ме прашуваат од каде ми е самодовербата, но јас не го знам точниот одговор. Знам само дека не се плашам од своите облини, не се плашам од целулитот“, изјави таа.
На следната страна погледнете неколку парчиња од нејзината колекција >>