Реклама
FashionМодни совети

Убавината доаѓа во сите облици и во сите големини: Есенски трендови кои најдобро ќе им прилегаат на девојките со некој килограм вишок

Реклама

Мислевте дека есенските трендови се резервирани само за слаби девојки? Епа изгледа дека се лажете. Убавината доаѓа во сите облици и во сите големини. Еве кои трендови најдобро ќе им прилегаат на девојките кои имаат вишок килограми.

Темни фустани со цветни детали

И оваа есен присутни се цветните детали, а особено во нијанси на портокалова и црвена боја. Лесно се комбинираат со други бои, а девојките со вишок килограми слободно можат да се одлучат за овој тренд, зашто цветовите ќе го одвлечат вниманието од целокупната фигура.

Широки панталони и панталони кои имаат лента на страната

Малку пошироките модели на панталони веќе некое време се тренд. За среќа, одлично прилегаат на различни видови тела и повеќето жени се среќни поради нивната појава. Исто така во мода се и панталони кои од страната имаат широка ленда. Само еден детаљ може визуелно да ви ги издолжи нозете.

Маркетинг

Карирано сако

Одамна е познато дека сакото совршено им стои на полните девојки. Сепак, многумина од нив не се осмелуваат да ризикуваат, иако би требало. Карираното сако дефинитивно ќе ја збогати вашата комбинација, а вистинскиот модел сјајно ќе го нагласи вашиот струк.

Облека со точки

Точкастиот принт често нѐ потсеќа на ретро, на времето кога женските облини биле повеќе славени отколку денес. Секако, таа варијанта ги прави пополните девојки неодоливи, особено ако станува збор за фустани или кошули.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button