Реклама
MAMAРецепти

Есенски десерт: Чоколаден мус со костени

Реклама

Времето за костени стигна, а вам ви прикажуваме еден рецепт во кој ќе уживате.

ФОТО: Pinterest

Потребни состојки:

  • 2 жолчки
  • 20 грама шеќер
  • 60 милилитри млеко
  • 330 милилитри слатка павлака
  • 50 грама црно чоколадо
  • 150 грама пире од костени

Начин на подготовка:

Изматете ги жолчките и шеќерот и ставете ги во сад во кој подоцна ќе го готвите филот на пареа. По 60 милилитри павлака и млеко загрејте во мал сад, речиси до варење, тргнете го од шпортетот и оставете го да се олади. Потоа полека ставајте во садот со жолчки, ставете го на пареа, на средна температура и мешајте додека не почне лесно да се згустува (околу 5 минути).

Тргнте го од шпортетот и смесата поделете ја на два дела. Во еден додајте растопено чоколадо, а во друг лесно изматено пире од костен. Преостанатата слатка павлака изматете ја во цврст шлаг и исто така поделете ја на два дела. Во еден дел од шлагот додајте ја смесата од костени, а во другиот онаа со чоколадо и внимателно промешајте. Мусот ставете го во декоративни садови или чашки и декорирајте со малку шлаг или овошје по желба.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button