Есенска убавина во Крушево, низ објективот на Ана – не заборавајте на локумот
Есенски амбиент во Крушево низ објективот на фотографката Ана Петроска.

– Крушево останува најубаво во секое годишно време, иако боите на крушевската корија не се толку истакнати оваа есен. Овој град е секогаш една од моите најголеми инспирации за добра фотографија, од големо значење за мене е дека мојот татко беше од Крушево и секогаш чувствувам посебна поврзаност со Крушево.
Околната шума, центарот на градот се разубавени со жолтата есенска боја, жолтите лисја се насекаде расеани, вистиснска есенска идила, а таквите услови се совршени за неколку добри фотографии. Доколку сакате да се тргнете од секојдневниот метеж и обврски, викенд во Крушево е совршениот избор за вас.
Прошетката низ градот ќе ги наполни вашите батерии, а секако тука е и крушевскиот познат локум без кој не може да си заминете од Крушево, вели фотографката Ана Петроска.




