Диети

Есенска диета со која ќе ослабите и ќе го прочистите организмот

Реклама
Реклама

Есента изобилува со најразлични здрави и вкусни плодови кои треба да ги искористиме за да се храниме здраво, да го забрзаме метаболизмот и да го прочистиме организмот од наталожените отрови и штетни материи.

Затоа, и во текот на есента треба да ја задржиме добрата навика од летото и да продолжиме да јадеме што е можно повеќе овошје и зеленчук, што ќе ни помогне да се ослободиме од вишокот килограми и да ја задржиме саканата тежина. За да го прочистите организмот од отровите треба да го сведете на минимум или целосно стопирате внесот на штетни материи како алкохол, шеќер, конзерванси, но и млеко, млечни производи и јајца. Исхраната треба да се заснова на храна богата со влакна како овошје и зеленчук, пред се брокула, зелка, морков, кромид и сл.

Маркетинг

Посветете внимание на храната што ја јадете додека сте на работа. Обидете се да јадете овошје и свежи салати што е можно повеќе, а ако веќе јадете пици и сендвичи гледајте да содржат повеќе зеленчук од месо или кашкавал.

Вашата цел е со текот на времето да преминете на здрава исхрана и здрав начин на живот, а не на брзина да ослабите и потоа уште побргу да ги вратите загубените килограми. Нутриционистите препорачуваат да забележувате што јадете во текот на неделата, што ќе ви помогне да утврдите која храна ви одговара, а која треба да ја избегнувате.

Маркетинг

ВЕЖБИ СО ТЕГОВИ

Возењето велосипед е забавно, а трчењето многу ефективно за губење на килограмите. Сепак, потрудете се во вашиот распоред да вклучите и вежби со тегови, кои ги раздвижуваат главните мускули во телото и помагаат организмот да согорува повеќе калории. Вежбите со тегови исто така го забрзуваат метаболизмот, така што и кога ќе седите ќе согорувате калории. Фитнес тренерите препорачуваат да се вежба со тегови 3 пати недело по дваесетина минути.

ШТО ДА ЈАДЕТЕ ВО ЕСЕН?

Есента донесува многу овошје и зеленчук кои ќе ви помогнат да ја одржите телесната тежина и да го прочистите организмот: јаболка, круши, грозје, сливи, тиква, батат, брусница, цвекло, урми, решка, семки од тиква, шипки, брокула, зелка, домати и сл.

Во продолжение следат две диети за есен кои се засноваат на зеленчук и тоа во различни варијанти –варен, печен, како салата и сл. Овие диети ќе ви помогнат да го прочистите организмот од штетните материи. Ваквите програми за прочистување обично траат од три до седум дена и се препорачува повремено да ги спроведуваат сите, без разлика на телесната тежина.

ЕСЕНСКА ДИЕТА 1

Појадок:

овесна каша без млеко со суви кајсии и јаткасти плодови (и по желба мед), парче леб, чај или млеко.
10 гр. свежо сирење со павлака, парче леб, чај или млеко.

Ручек

Салата од зеленчук со малку масло, неколку парчиња леб, овошен сок или јаболко.
Супа од зеленчук, риба или пилешко (80 грама), зеленчук (може и варен компир), неколку парчиња леб, јаболко, сок од овошје или зеленчук

Попладневна ужина: банана или 2 јаболки

Вечера: торта со сирење или салата од зеленчук, чај или млеко.

Еден час пред спиење: едно јаболко или јогурт.

ЕСЕНСКА ДИЕТА 2

Понеделник

Појадок: рендан морков со 1 лажица јогурт или мед, или овесни снегулки со јогурт
Ужина: 1 круша
Ручек: салата од зеленчук, 2 печени компири
Ужина: 1 jaболко
Вечера: салата од моркови, зелка и јаболки со малку маслиново масло

Вторник

Појадок: суви сливи, јаткасти плодови, малку леб
Ужина: 1 јаболко и 1 лажица мед
Ручек: динстани домати
Ужина: 2 моркови
Вечера: грозје

Среда

Појадок: пченкарни снегулки со јогурт и 1 лажица мед или овошна салата (круши, јаболко, грозје)
Ужина: неколку ореви и 4 суви сливи
Ручек: 2 пиперки полнети со зеленчук; парче леб
Ужина: 2-3 домати
Вечера: печени тиквички со мед и ореви

Четврток

Појадок: салата од зеленчук (домати, пиперки, кромид, растително масло), варен ориз
Ужина: 1 круша
Ручек: динстани домати, хељда
Ужина: 2 банани
Вечера: печен модар патлиџан со домати, морков и зелје, 1 лажица кисела павлака, леб

Петок

Појадок: салата од пиперки, зелка, маслинки, растително масло или овесни снегулки
Ужина: грозје
Ручек: неколку печени компири и салата од суви сливи, ореви, лук, магданос
Вечера: салата од домати и зелка

Сабота

Појадок: житарки со јогурт (можете да додадете и грозје и јаболка)
Ужина: 1 портокал и 1 јаболко
Ручек: салата од мешунки, пиперки, домати, кромид, моркови, лук
Ужина: 1 пиперка
Вечера: печени тиквички со мед и цимет

Недела

Појадок: хељда и салата од репка, ореви и суви сливи
Ужина: грозје
Ручек: пиперки полнети со зеленчук; 1 парче леб
Ужина: 2 моркови
Вечера: домати и 1 парче ржен леб.
Извор: www.slimming4all.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button