Познатите тренсетерки ни открија како ќе изгледа есента во продавниците на „Massimo Dutti“
Моделите од овој познат бренд се едни од омилените во секој женски плакар на кои се навраќаме во секоја сезона и кои им пркосат на трендовите.
Токму затоа кога сакаме да купиме нешто што ќе го носиме неколку сезони, нешто што ќе трае, избираме продавници како што е овој бренд, а овој пат во фокусот ни е нивната нова есенска колекција.
https://www.instagram.com/p/BlXclk-hi3U/?utm_source=ig_embed
Имено, брендот своите есенски модели ги претстави деновиве на импресивна модна ревија во Шангај, а дел од атмосферата во овој волшебен град можеме да ја доловиме преку Инстаграм профилите на познатите трендсетерки. Со места резервирани во првиот ред, Елеонора Кариси и Ен Лауре Маис имаа прилика не само да видат што има во новата лимитирана колекција на „Massimo Dutti“ за оваа есен, туку и да носат некои од најубавите парчиња кои веднаш се најдоа високо и на нашиот список со модни желби.
https://www.instagram.com/p/BlXfo1PFpue/?utm_source=ig_embed
Целата ревија можете да ја погледнете на официјалната страница на „Massimo Dutti“, а во продолжение погледнете само неколку фотографии кои ќе ви откријат како ќе изгледа есента кај овој познат хај-стрит бренд.
https://www.instagram.com/p/BlXgZb9H-St/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BlY7SoqgjbN/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BlaItVjjtFh/?utm_source=ig_embed