CelebrityНовости

Емотивна средба на легендите: Ноле изненади, Роналдо не можеше да поверува! (фото)

Advertisement

Новак Ѓоковиќ учествуваше на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад, каде што заработи 1,5 милиони долари за двата настапи.

Но, покрај спортските обврски во Саудиска Арабија, искористи и можност да се сретне со Кристијано Роналдо. Португалскиот фудбалски ас веќе неколку години е една од најголемите спортски ѕвезди во земјата, па како домаќин го пречека светскиот грен слем рекордер на тенискиот терен.

Advertisement

Оваа година Ѓоковиќ имаше и посебна средба со Лионел Меси, но сега оствари контакт и со Роналдо, со кого си разменија дресови како симбол на взаемна почит.

При размената, српскиот тенисер му подарил на Кристијано рекет со посебна порака, но и тениско топче со потпис.

– За Крис (CR7). Сиуууууу, – гласеше посветата на рекетот што Ноле му го подарил на Роналдо.

Advertisement

Интересот дополнително го зголемија неодамнешните објави на Џоковиќ на социјалните мрежи, кои наговестуваат можност за идни заеднички проекти со Роналдо. Иако сè уште нема официјални потврди, идејата за соработка помеѓу двајцата е многу привлечна за нивните милионски фанови.

Всушност, оваа средба беше повеќе од размена на подароци и разговор, туку јасен симбол на солидарност меѓу врвни спортисти. Кристијано Роналдо и Новак Џоковиќ уште еднаш докажаа дека вистинската величина не се мери само со освоени трофеи, туку и со почит, скромност и вистинско пријателство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button