Реклама
Наши ѕвезди

Ве сакам со секој атом во мојата душа. Пoчивajте во мир! – Алачки со ЕМОТИВНИ зборови се потсети на своите родители

Реклама

Адријана Алачки се потсети на безгрижните денови кога била покрај своите мајка и татко и колку ја цени нивната пожртвуваност.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Познатата пејачка и водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, со емотивна порака се потсети на своите родители. Таа се присети на деновите кога била потполно безгрижна кога живеела кај своите маја и татко и колку ја цени нивната пожртвуваност.

Адријана Алачки покрај тоа што го води едно од најгледаните кулинарски шоуа во Македонија, таа е поприлично активна и на социјалната мрежа Фејсбук каде редовно споделува фотографии и од своето секојдневие.

Маркетинг

Таа деновиве прелистувајќи ги старите спомени пронајде една стара фотографија од своите родители, која ја потсети на безгрижното време кога живеела со нив.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фотографијата и ги врати спомените и сеќавањата на периодот кога била заштитена и опкружена со родителската љубов, за кои вели дека секогаш ќе му простат на своето дете, но и дека ќе биде страшно кога самите нема да си прстите. „Затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се“ пишува во својата емотивна порака Алачки.

Маркетинг

Пејачката не можеше, а да не го сподели овој момент со своите верни фанови, а емотивната порака што ја напиша со која им се заблагодари на родителите на безусловната љубов и вниманието што и го пружале низ годините.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Таа вели дека и недостигаат со секој нов ден, се повеќе и повеќе, и дека сé што е денес е нивна заслуга, бидејќи од нив научила што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост…

Во продолжение прочитајте ја во целост нејзината објава:

„Единствени мои, Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови, Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,, ЧОВЕК”… ми недостига те со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше, старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас…“

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

„Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се…Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почивајте во мир!“, напиша Алачки.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Да потсетиме, Адријана е мајка на две деца – ќерката Грациела од која ја има внуката Јана и синот Благоја кој минатата година ја побара својата девојка за сопруга.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Од нејзините семејни фотографии можеме да видиме колку нејзината ќерка личи на неа, но и на нејзината мајка.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Таа пред неколку недели сподели и емотивна порака за роденденот на својата ќерка.

Еве што напиша тогаш:

Среќен роденден сонце мајкино

„На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ќе доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика.. и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност“.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

„Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша тогаш Алачки.

Погледнете ги и фотографиите што ги објави со оваа порака:

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button