Наши ѕвезди

Емотивна порака на пријателот на Филип кој загина во несреќата во Кочани – се огласи и сопругата

Не му верував, мислев се шегува...

Advertisement

Македонскиот актер од штипскиот театар Милорад Ангелов, сподели интересен коментар за претстојниот настан во неговиот град.

Имено, во Штип од 04. до 06. јули ќе се одржи големиот Д фестивал кој оваа година ќе има одлична програма. Главниот бенд на фестивалот ќе бидат култните „The Sisters of Mercy“, а од македонските ќе настапат Мизар, Архангел, Кирил Џајковски, Дина Јашари и многу други.

Advertisement

Милорад воодушевен од програмата, но и од целиот настап ги сподели своите размислувања во врска со истиот, а не заборави да го спомене и Филип Стевановски кој беше еден од музичарите од ДНК чии животи прерано згаснаа во пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани.

Фејсбук

Филип покрај тоа што беше музичар беше и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“, а со Милорад беа големи пријатели.

Advertisement

Актерот ги потсети сите и дека фестивалот ќе биде бесплатен, но постојат и хуманитарни влезници со кои ќе се собираат средства за помош на настраданите во пожарот, преку „Супорт Кочани“.

Целат објава на Милорад прочитајте ја во продолжение:

Д ФЕСТИВАЛ 2025

Некаде во втората половина на деведесетите случајно на едно театарско патување се здружив со лугето кој тогаш ја имаа идејата да направат EXIT FESTIVAL во Нови Сад.

Се уште го паметам нивниот ентузијазам и жарот кога ми објаснуваа дека сонуваат за еден ваков настан во Нови Сад.

И истите тие луѓе денес се горди основоположници на истиот. Нови Сад доби место во мапата на градови со трајна уметничка врендост.

Се случи културна револуција на Балканот.

Се уште ја чувам првата лепенка за на стакло со логото на фестивалот кој тогаш ми ја подарија. И тогаш се сеќавам заедно со другарите фантазиравме дали некогаш и нашиот град ќе дочека да биде домаќин на некое звучно име.

Во Штип го имавме Домот на младите на чело со нашиот Бошко Симоновски а поазди него стоеја свирки на големи музички имиња кој наступуваа во Штип претежно од тогашната YU сцена во домот на младите,како и концертот на Џон Меклафлин во Штип кој според Пет Метини а богами и многумина е најдобриот гитарист на планетата земја.

Фејсбук

Сето тоа ни даваше надеж да веруваме дека еден ден и во Штип ќе се случи настан од светски музички калибар.

Поминаа години а надежта постојано исчезнуваше затоа што упорно и упорно во градот ни се сервираа глупости на некакви чудни локални манифестации за кој не сакам да зборувам.

Се разбира,имаше и чест на исклучоци но не доволно за да го задоволи уметничкиот глад на публиката. И ете после се во Штип се случи чудо,чудо наречено Д фестивал.

Но,поголемо чудо лично за мене е ПРОГРАМАТА која многу години е незамислив и долг сон на мене и мојата генерација.

Уште неможам да верувам дека овде во мојот роден град ќе се случи концерт на мојот омилен бенд од младоста, бенд со кој што израснав и кој сеуште ја паметам сликата на постерот од тогашнаот музичко списание BRAVO кој го чував донеодамна, бенд со кој ни во сон неможев да замислам дека ќе свират токму овде во Штип.

THE SISTERS OF MERSY бендот со кој пораснавме заедно во друштво на: THE CURE, SIMPLE MINDS, SONIC YOUTH,NIRVANA,SOUNDGRDEN,PEARL JAM,IGGY POP, DAVID BOWVIE, JOY DIVISION, R.E.M…

Бенд кој што свирел и работел со VELVET UNDERGRAND, NICK CAVE, бенд кој го доби името по истоимената песна на LEONARD COCHEN.

Нивните хитови: Blac Planet, More,No time to cry,Alice,Under the gun, Wolk Away, и многу други се химни на нашата младост. А колку ли само се важни од кулуторлошки аспект за музиката, но еве сега и со нивниот настап во Штип за нашиот град.

Но, во некоја друга прилика ќе напишам за тоа.

THE SISTERS OF MERSY дефинитиво за мене е најголем културен настан во поновата историја на Штип.

Штип е во друштво на Загреб со INmusic festival, Будимпешта со позантиот – Sziget, Софија- Sofia live fest, Хвар Tam Tam и други.

Етикетата меѓу најпоскуваните уметнички дестинации за ова лето ја добива токму Штип.

TOMMY CASH и неговото најпрепознатливо ESPRESO – MACCHIATO со кој настапи на евровизија е интересен лик кој едвај чекам да видам што ќе се случи.

Постсоовески рапер со источноевропска душа и скандинасвки поглед. Човекот за кој велат дека е вистински шуомен. Човекот кој се преправи дека е Ана Винтур😊!

SOULFLAY

Светска метал атркација создадена од Max Cavaler кој доаѓа од ремек делото SEPULTURA. За оние кој слушат хеви метал икона и бенд кој остави трајна вреднност на светската сцена. Она што можам да го кажам мислам дека е доволно,со кој ли се имаат свирено и соработувано: LIMP BIZKIT, SUPERS HILL,OZZY OZBORNES, TOOL, MEGADETH, PANTERA, FEAR FACTORY, и моите омилени SISTEM OF A DOWN.

Го слушав и најновиот албум од нив SPIRIT ANIMAl кој ќе го промовираат во Штип. Прекрасно енергично доживување.

Очекувам прекрасна метал свирка токму од нив.

INNER CIRCLE еден од најголемите Јамајка реге бендови. Големо влијание од BOB MARLEY. Вистински другари со фронтменот на INNER CIRCLE Jacob Miler кој трагично го загуби животот во собраќајка.

Очекувам многу позитивна енергија со Јамјака реге звуци. Дефинитивно светска атракција во моментот.

BUC KESIDI Одлични!!! Српска атракција која букавлно гази се пред себе.

АРХАНГЕЛ

Зарем треба нешто да се каже? Прекрасни.

МИЗАР до коска болат нивните настапи.

ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ како и секогаш волшебни.

SARS Bugav lebac, Perspectiva.. колку ли само забава и енергија имаат..!!

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ секогаш импресивен со неговиот автентичен звук.

БИТОЛСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР со нивните безвременски аржамани! ФОЛТИН, ПАРКЕТИ, ЉУБОЈНА, МОЈРА, ПИЈАН СЛАВЕЈ, прекрасната ДИНА ЈАШАРИ и нејзината ,,Дома,, која горда ја собра наградата со име Милан Младеновиќ и сите други изведувачи се само шлаг на тортата на тоа што не очекува во Штип на Д Фестивал.

Јас со нетрпение го очекувам овој настан кој што ќе се случи токму овде во Штип. Толку големи артисти ќе прошетаат по улиците на градот под Исарот. Кога нашиот Филип Стевановски😢❤️ ме убедуваше дека ќе се случи ваков настан токму во Штип не му верував, мислев дека е некоја шега.  Се уште памтетам кога ми предложи кладба на кафе дека ќе се случи фестивалот токму во Штип. Каква ли само насмевка на задоволство имаше Филипе❤️!

И да мој Филипе, како и секогаш во право беше. А кафето сонце, ќе го испиеме некаде горе кога пак ќе се сретнеме. Болиш сонце😢!

Најубавото нешто на фестивалот е ,,ХУМАНИТАРНИОТ Д БИЛЕТ“ за настраданите од Кочани кој уште еднаш покажува дека уметноста нема граница.

,,ЗАЕДНО ДА БИДЕМЕ ПРИЧИНА ЗА НАДЕЖ,“ е можеби најубавото лого кое некогаш го имам прочитано.

Ќе завршам со една реплика од нашата последна претстава ,,Сите прекрасни нешта,, на театар Штип. ,,За да живееме во сегашноста, мораме да изимислиме иднина која е подобра од минатото,“ Д фестивал нека биде една коцка од мозаикот како да ја замислиме нашата иднина.

ПОСЛЕ СЕ ШТО НИ СЕ СЛУЧИ!

Се огласи и сопругата на Филип

Под објавата на Милорад коментираше и сопругата на Филип, која е пејачка и која ги напиша следниве зборови:

„Енергијата на Филип не може да исчезне, тука е и ни помага во секој сегмент од животот! Во овој круг наречен живот има нешто што не води од висините и сигурна сум дека се радува на се што било замислено, а се остварило. Прекрасна програма, браво, напиша Ирена Крстевска Стевановска во коментарите.

Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button