Емотивна објава од сестрата на Фросина што загина на Партизанска – солзи сами течат, болката е преголема
Цело семејство скршено од болка...
Тажна објава што кине душа
Не стивнуваат реакциите на граѓаните по страшната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова од Неготино.
И додека едни бараат доживотен затвор за осомничениот, на својот профил се огласи и сестрата на Фросина, Росица Кулакова, а од нејзината објава на многумина им се насолзија очите.
Имено, таа сподели заедничка фотографија со својата сестра на која се гушнати, а врз истата стои емотивна порака.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
„Неизмерно сум ви благодарна на сите вас што ни изразивте сочувство и што заедно со нас жалите за трагичната и прерана загуба на нашата ѕвездичка Фросина. Блескај силно на небото дади“, напиша Росица.
Инстаграм/ Росица Кулакова
Таа ја промени и својата профилна слика на Фејсбук ставајќи црна позадина со името на својата сестра, а објави и порака од семејството до Министерството за внатрешни работи (повеќе за ова тука).
Потсетуваме, по страшната несреќа во која прерано згасна животот на младата дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачкиот премин во близина на „Силбо“ на „Партизански одреди“, граѓаните се организираа и излегоа на протести.
Инстаграм/ Росица Кулакова
Тие притоа палеа свеќи и оставаа цвеќиња и мечиња покрај фотографијата на Фросина поставена на местото каде нејзиниот живот прерано згасна, а главната порака беше испратена од овој собир беше дека не е кобна улицата, туку институциите се виновни што три млади лица загинаа во последните неколку години на овој булевар во центарот на нашата метропола.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
„Не е несреќа туку убиство“, „Не е Партизанска проклета, проклети сте вие“, „Обвинители=соучесници, убијци“ – беа само дел од пораките што младите ги носеа на своите транспаренти на овие протести.
Како изгледше револтот на граѓаните, погледнете во продолжение..