Огласи
Наши ѕвезди

Емотивна објава на водителката Сања од Сити радио – најтешката емисија во нејзиниот живот досега

Продолжуваме да го возиме градот.. само овие денови малку побавно, вели Сања во своето обраќање

advertisement
advert

Емотивна објава на познатата водителка

Во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица од кои шест лица беа малолетни.

Оваа трагична вест го погоди целиот регион, а водителката Стојковска Сања сподели тажна објава на Инстаграм.

реклама

Имено, таа се огласи и ги замисли слушателите да и простат доколку не е истата Сања како и секогаш, но и дека ќе даде се од себе да биде добро друштво на слушателите, заедно да „возат“ низ градот.

„14 години работам како радио водител, денес не знам што да кажам на радио… Се трудиме секогаш да ви го направиме денот поубав. Сити радио секогаш ја имало и ќе ја има таа мисија да биде Гласот на Скопје. Денес ќе ми простите ако не сум онаа истата Сања.. ќе се потрудам и ќе бидам Вашето друштво. Продолжуваме да го возиме градот.. само овие денови малку побавно“, напиша Сања.

Марpкетинг

Познатата водителка од Сити радио потоа се огласи со уште едно Инстаграм стори, со следните зборови:

„Најтешката емисија ми беше денес.. Гушкајте ги саканите. Сакајте ги. Насмејте се. Краток е животот, е а здивот уште пократок кога сме нервозни и гневни. Ќе помине.. Ќе се избориме и се надевам ќе се подобриме“, напиша Сања на социјалните мрежи.

Водителката потоа го додаде и следново:

„Голем дел од децата излегуваат од болници.. и реков дека ќе бидеме подобро. Она другото? Ќе боли тоа.. најблиските најмногу знаат.. ние останатите? Мора да сме подобри за да живееме подобро“ напиша Сања па сподели и неколку зборови за херојот Јован кој денес беше пречекан од своите врсници во гимназијата во Виница со громогласен аплауз и цвеќиња (повеќе за ова прочитајте тука).

„Јован дете златно и ти ни го разведри денот . Сонце огреа и кога најмалку очекувавме. Ви реков, ќе бидеме подобро. Мора да бидеме. Ние сме земјата на сонцето и насмевката“, напиша Сања и додаде едно срце.

Потсетуваме, Јован Костадинов е младото момче од Виница кое стана симбол на храброста и несебичноста откако во пожарот во Кочани, кога се запали дискотеката „Пулс“, успеа да спаси најмалку 20 лица. Тој денес се врати во школските клупи, а како беше пречекан од другарчињата од училиштето во кое учи, погледнете тука.

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button